100 најпознати личности на сите времиња – шеснаесетти дел

23 август, 20110
poznati-naslovna

40. Mark Twain

Роден на 30 ноември 1835 година, во Флорида, а починал на 21 април 1910 година, во Рединг. Американски писател. Своето детство го поминал на крајбрежјето Мисисипи учејќи типографија; работел на речен брод, бил во потрага по злато во Калифорнија, патувал низ Блискиот исток и Европа.

Неговите најпознати херои се момчињата Том Соер и Хаклбери Фин. Негови познати дела се: “Авантурите на Том Соер“ (1876 година), “Кралот и просјакот“ (1882 година), “Животот на Мисисипи“ (1883 година), “Авантурите на Хаклбери Фин“ (1884 гоидна) и уште многу други.

 

Mark Twain

39. Alexander Graham Bell

Роден на 3 март 1847 година во Единбург, Шкотска, а починал на 2 август 1922 година, во Бадеку, Канада. Познат и докажан научник, пронаоѓач и основач на Телефонската компанија Бел. Исто така, има огромни заслуги во пронајдоците во воздухопловството.

Се занимавал со истражување на механизмот на говорот, така што во 1872 година во Бостон, го основал училиште за лица со оштетен слух. Го измислил електричниот телефон, кој е повеќе пати усовршуван, а се користат од 1877 година до денес. Ги конструирал и фотофонот и фонографот.

Alexander Graham Bell

 

38. George W. Bush

Роден на 6 јули 1946 во Њу Хевн, Конектикат. Американски политичар.  43-от Претседател на САД. Неговиот прв мандат започнал на 20 јануари 2001. Син на бившиот претседател на САД, George H. W. Bush, брат на Jeb Bush гувернер на Флорида од 1999 година. Завршил во академијата “Филипс“ во државата Масачусетс, а потоа во 1968 година завршил историја на универзитетот “Јеил“.

Во 1995 година беше избран за гувернер на Тексас и на таа должност остана до 2000 година.

George W. Bush

 

37. Oprah Winfrey

Родена на 29 јануари во Козијаск, Мисисипи. Американска ТВ водителка, актерката и продуцент.

Својата слава ја доби како водителка во шоуто “Опра Винфри Шоу“, кое почна да се емитува на 8 септември 1986 година. Во текот на овие 24 сезони, се прикажани повеќе од 5.000 епизоди. Последната епизода ќе биде емитувана во септември 2011 година.

Според некои публикации, Winfrey претставува една од највлијателните жени во светот и прогласена е за најбогата афроамериканка за 20-от век.

Како актерка, беше номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога во филмот на Steven Spielberg  “Пурпурна боја” во 1985 година.

Oprah Winfrey

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *