Дански научници од Универзитетот Нортистерн ид факултетот за технологија, изанализирале 300 милиони твитувања објавени на интернет во минатите три години и нашле клучни зборови преку кои направиле еден вид предвидувања дека 17 јануари ќе биде најдепресивниот ден во оваа година. Научниците навеле дека нивното истражување покажало дека месецот јануари е месец кога постои најголем ризик од отпуштање на работници. Исто така истражувањето покажало дека најчесто паровите се венчаваат во февруари и тоа благодарение на 14 февруари денот на вљубените. До прекин на емотивни врски најчесто доаѓа во летниот период, и тогаш момците и девојките најмногу изневеруваат. Во склад со овие прогнози, научниците предвиделе дека во 2011 година, најтажен и најдепресивен ден е 17 јануари. Психологот Клиф Арнал дошол до математичка формула која докажува дека 17 јануари е најдепресивен ден, бидејќи тогаш се поврзуваат многу фактори својствени за депресивни состојби. Од прекршени новогодишни ветувања и желби, заостанати сметки, страв од губење на работното м есто во комбинација со ладното време и зимското сивило. Сепак научниците смируваат и викаат дека нема простор за паника, бидејќи за шест месеци ќе ни дојде и најсреќниот ден во годината 17 јуни.