По едно полетување и едно слетување се реализирани утрово од скопскиот аеродром “Александар Велики“ како резултат на подобрување на временските услови. “Има подобрување на временските услови, видливоста е зголемена и се очекува во текот на денот целосно расчистување на маглата. Реализирани се едно полетување и едно слетување. Така се очекува во текота на денот да се нормализира сообраќајот во целост“, вели Гзиме Асани, портпарол на М-НАВ. Отворен за сообраќај е и охридскиот аеродром “Апостол Павле“ откако синоќа беше затворен поради магла. Скопскиот аеродром три дена беше затворен за сите летови бидејќи поради маглата не постоеа услови за реализирање на летовите. Како алтернатива се користеше охридскиот аеродром.
Извор: Нетпрес