popara13 септември, 20111min00
ajvar

Есента ни е веќе на прагот. Штом залади времето и паднат првите жолти лисја, знаеме дека тоа наговестува студ. Есента кај нас е синоним за ајвар. Нема домаќинство кое внимателно, секоја рана есен, не подготвува по неколку тегли од нашата омилена зимница – ајварот. Таков ни е наравот, таков ни е вкусот, си знаеме ние што сакаме.

Во секој двор, запрегнати жени печат, лупат и мелат пиперки, а можете да забележите и по некој маж како се плетка и бива прекорен од домаќинките како смета и за ништо не го бидува. Набрзо тој им се трга од пред очи, а жените ведро и низ муабет си ја продолжуваат традиционалната подготовка на ајварчето.

Ако сте млада и таза-печена домаќинка и немате некое особено искуство во подготовка на ајвари, можеби овој рецепт ќе ви се најде за да испаднете вешта жена пред свекрвата:).

Состојки:

–          2кг домати,

–          10кг црвени пиперки,

–          сол, бибер,

–          5 феферончиња

–          2 главици лук,

–          1,5л масло.

Подготовка (2 часа):

Пиперките испечете ги, олупете ги и сомелете ги. Доматите треба да се испечат, да се олупат и да се остават да се цедат околу половина час. Потоа, и нив сомелете ги и додајте ги на пиперките.

Во длабока шерпа турете го маслото, додајте ги пиперките и доматите и пржете додека не добиете густа смеса.

Посолете, додајте го биберот, фефероните и истолчениот лук.

Пржете уште 15 минути, па додека сеуште е жежок ајварот сипете го во тегли и прелијте го со слој масло. Убаво затворете, и не оставајте празнини во теглите. Ајварот треба сам да се вакумира.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag