Ал Каеда ќе го напаѓа САД со бомба што предизвикува „пролив“?! :) Па што е друго рицинусова бомба а? :)

14 август, 20110
maska copy

При инхалација рицинот е отровен и во многу мали количини, а потенцијални мети се прометни раскрсници и трговски центри.
Припадници на јеменската Ал Каеда сакаат со рицинска бомба да ги нападнат САД, пишува New York Times.
Осврнувајќи се на таен разузнавачки извештај, NYT наведува дека јеменската подружница на Ал Каеда се спрема за напад со хемиско оружје на повеќе американски градови. Работат на производсто на поголеми количини на семе од рицинус кое е главна состојка на алкалоидот рицин.
Тајните документи говорат дека пакети со рицин ќе бидат обмотани со помали количини на експлозив кои ќе бидат детонирани на прометни раскрсници, аеродроми и трговски центри.
Иако постои причина за загриженост, но не и за паника, бидејќи разузнавачките агенции немаат информации кои би потврдиле директна закана.
NYT вели дека исламистите се соочуваат со голем проблем во нивниот план, како што е трансфер на производство, стоки и луѓе, од тајни места во провинцијата Шабла Јужен Јемен.
Политичката ситуација во Јемен не е сјајна, во последните конфликт на војската и припадниците на Ал Каеда загинаа четири лица осомничени дека се членови на терористички ќелии. САД се загрижени дека политичката ситуација овозможува во Јемен експанзија на терористичката активност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *