Александар Македонски

23 мај, 20111
a38

Александар  Македонски e  роден   во  Пела, Македонија на 20 јули 356 п.н.е. , a умрел во  Вавилон на 10 јуни 323 п.н.е. бил владетел на Македонија од династијата Аргеади и владеел од 336 п.н.е. до 323 п.н.е.. Тој бил еден од најуспешните војсководци во историјата на човештвото.

Александар се родил од  бракот на Филип  Македонски со  македонската василевна Олимпија инаку по потекло принцеза од Молосиа,  во триста педесет и шеста година пред нашата ера во почетокот на месецот Лоj  и тоа во шестиот ден. Ha тој ден е запален и храмот на Артемида во Ефес. Од тоа Хегест од Магнезија ја изрекол изреката која со својот студ би можела да го изгаси огнот во храмот: “Се разбира, тој храм морал да изгори кога Артемида бабувала при раѓањето на Александар”. Неговото доаѓање на свет било цело во знакот на победата.

Плутарх наведува дека неговото раѓање им било претскажано на Филип и Олимпија. Имено, Олимпија сонувала дека еден гром удрил во нејзиното тело и целата ја запалил. Разбирливо, нејзиниот мистичен ум веднаш го поврзал громот со ИЛЕ богот на Cонцето и истиот го сметала како израз на личниот интерес на овој бог-заштитник за нејзиното семејство и нејзината идна плодност. Филип Македонски пак, сонувал сон во кој ја запечатил утробата на Олимпија со еден печат на кој имало отпечаток со лав. Кога му ги раскажале соништата на дворскиот пророк Аристандар од Телмес, тој веднаш заклучил дека Олимпија е бремена и носи дете кое ќе има лавовски карактер.

Истиот ден кога се му се родил првиот син, кај Филип стигнале гласници кои го известиле за победата над Илирите и победата на неговиот коњ на Олимписките трки. Посебните особини кои Александар ги поседувал и покажувал од мал ја оправдале надежта на Филип дека во неговиот син се наоѓа посакуваниот наследник. Александар во него ги споил многуте карактерни црти од двајцата свои родители. Од неговата мајка, темпераментна жена подложна на мистицизмот ја наследил страсната и помалку тврдоглава личност, ирационален копнеж за непознатото и верба во посебна херојска слава, која му ја досудила судбината. Од татко си ја презел нескротливата волја и енергија, нескротилив карактер, храброст, слава, војнички дар и инзвонредно практичен дух. Неговата мајка му била поблиска по душа и влијанието на оваа демонска жена му оставила неизбришлива трага врз него.

“Александар не сакал да го добие од својот татко златото, раскошот и уживањето, туку сакал држава  коja ќе му пружи можност за борби, војни и дела полни со чест и слава”.

Kога Aлександар имал 10 години еден трговец на коњи од Тесалија донел еден коњ на Филип. Коњот одбивал да биде јавнат, па Филип наредил да се отстрани. Александар сeпак побарал да проба да го јавне коњот и да го припитоми. Филип на почетокот одбил па потоа се согласил. Александар видел дека коњот се плаши од својата сенка па го позиционирал коњот спроти Cонцето, потоа го смирил и го јавнал. Kоњот го нарекол Букефал-Букова-глава, тврдоглав.

Филип  Македонски после овој настан рекол на Александар :

” Cине мој најди си друга земја да владееш, зошто Македонија е премногу мала за тебе ”

На 13 годишна возраст Филип  Македонски сметал дека неговиот син има потреба да биде учен на по високо ниво.
Многу учители биле одбиени од Филип како што се: Исократ,Спеусипус . Tаа работа ја доверил на Аристотел од Стагира .
Роден од таква мајка и таков татко, Александар ја имал и среќата да стане ученик на најголемиот филозоф и научник во антиката. Кога Александар имал четиринаесет години, Филип  Македонски го довел Аристотел во Македонија и му го доверил воспитувањето на својот син.

Средбата на Аристотел со младиот Александар се прикажува како “еден од најголемите моменти во историјата на човештвото.” Иако Александар тогаш уште бил дете и потенцијален престолонаследник, а Аристотел уште не ја започнал неговата плодна научна дејност која ќе го прослави низ вековите, не можеме, а да не го видиме во нив она што подоцна ќе станат: генијален, херојски настроен војсководец , обединител на Азија и Европа и  еден генијален филозоф, во кој се слеала, созреала и кулминирала двовековната филозофска и научна мисла .

Аристотел не сметал дека на идниот владетел му е потребна посебна настава која практично би го подготвувала за должноста која го чекала. Часовите по гимнастички вежби, јавање, лов и игри се замениле со читање песни и разговори за поезијата, со учење геометрија, астрономија, реторика и еристика. Аристотел на својот млад воспитаник му влеал огромна љубов кон песната. Тој за него ги рецитирал песните на Хомер и Александар никогаш не се одделувал од овие дела. Негови омилени јунаци биле Херакле и Ахил, кои ги сметал за свои предци. На влијанието на Аристотел врз учењето на Александар, истотака може да се препише и неговото големо интересирање кое го покажува кон природните науки, по што и неговите освојувачки војни често добивале карактер на истражувачки експедиции кои ги збогатиле географијата, етнологијата, биологијата, ботаниката, метеорологијата и многу други науки.
Меѓутоа, во она што ни изгледа најважно кога станува збор за идниот владетел и војсководец, во политички поглед, вистинско разбирање меѓу Александар и неговиот учител немало никогаш. Во својот став спрема македонците, Александар бил пред следбеник на Антистеновата школа која била долга традиција на Македонскиот двор, а не на Аристотеловата. Меѓутоа, задачата на учителот и не е само да ги пренесе своите сфаќања на ученикот, туку да му ги прошири хоризонтите и да го подготви за самостојно размислување. Аристотел останал на Македонскиот двор до стапувањето на Александар на престолот на Македонија, но неговата наставничка мисија траела најмногу уште три години.

Младиот владетел и покрај подучувањата од Аристотел останал македонец , па се научил да ги  почитува  сите култури и ја гледал позитивната страна од сите нив.

Кога Александар имал 16 години лекциите со Аристотел биле прекинати.Kога Филип отишол да го напаѓа Бизантиум, шеснаесет годишниот Александар бил оставен како регент во Македонија. Додека бил регент ,а татко му Филип бил осутен, тракиското племе Маедеи се побунило. Александар одговорил брзо, го задушил бунтот на тоа племе и на нивната територија населил македонци и го основал градот Александрија. Кога Филип се вратил од Бизантиум, Александар со мал број на војска, бил пратен да смири уште неколку бунтови во Тракија. Потоа бил пратен да го обезбедува татковиот живот во опсадата на  градот Перинт. Меѓу време градот Амфиса почнал да ги ограбува светите земји на богот ИЛЕ  близу Делфи. Сеуште окупиран во Тракија Филип наредил на Aлександар да собира војска за да ги спречи нападите од страна на овој  град држава, па Македонија била нападната од Илирите .Oвој Илирски напад бил одбиен од Александаp.

 

 

 

 

One comment

  • blazo

    23 мај, 2011 at 13:55

    ime da ne se menuva nie sme mkedonija makedonska

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *