Алхамбра

26 јули, 20110
Alhambra

Маварски дворец во Гранада

 “Кој не ја видел Гранада, ништо нема видено“, тврдат жителите на овој град. Alexandre Dumas, одел многу подалеку со своите пофалби: “Бог ги создал Алхамбра и Гранада во случај ако еден ден се засити од неговиот дом“.

Кој еднаш ја видел Алхамбра, ќе го разбере ова воодушевување. Еден од најубавите споменици на исламската архитектура во Европа; претставува слика на моќ и големина, уште со својата надворешност маѓепсува со своите црвени кули и ѕидини. “Ал-хамра“ или црвената кула, како што Маварите ја нарекувале оваа палата чии што внатрешни ѕидови изгледаат како да се направени од бисерна чипка.

Во Гранада денес живеат околу 160.000 жители, а главниот град Андалузија доби поголемо значење дури во 711 година. Во 1031 година, стана главен град на самостојното кралство, а наредните векови се развиваше како центар на маварската култура, уметност и наука. За време на развојот на Гранада, започнало да се гради Алхамбра. Muhamed I (1232-1272 година), основачот на династијата Насрида, наредил да се започне со изградба на кралски град.

Во тоа време, повторно започнало освојувањето на Шпанија. Маварското влијание било се помалo, сепак Muhamed V (1354-1391 година) наредил да се изгради преубавата градба Алхамбра.

Стотина години после смртта на Muhamed V се завршил овој сон. Католичките кралеви на Aragon и Castile влегле во Гранада и ја освоиле Алхамбра. Последниот маварски крал Boabdil, го напуштил својот град и побегнал, но наредил вратата од неговата палата да се запечати засекогаш.

И после повлекувањето на Маврите, Гранада остана град со арапски карактеристики. Победниците како за спомен за својата победа изградиле катедрала во која подоцна биле погребани Ferdinand и Isabella, католичкиот крал и кралица. Тоа место, народот и денес го нареуква “мртвите, бесмртници“ (“muertos inmortales”).  Над Алхамбра, се веело знамето на Aragon и Castile, но уметничката градба набрзо почнала да пропаѓа.

Покрај, маварската палата Кралот Karlo V наредил во Рим да му се изгради палата, која никогаш не била завршена, но сепак претставува доказ за доцната ренесанса на шпанското тло. Подоцна Алхамбра, се претворила во собиралиште на бездомници и Цигани. За време на војната на Napoleon, дел од собите биле повторно уредени. Во 1812 година, дел од палатата била уништена од страна на Франција. Реставрацијата на палатата започна во деветнаесетиот век.

Денес, посетителите повторно се воодушевуваат на Алхамбра и на нејзините арапските градини во подножјето на дворовите, ја споредуваат со палатата на Karlo V и со уредените Арифови градини.

Сепак, сите овие познати градби го губат својот сјај пред платата Алхамбра. Надворешноста можеби е малку неуредна, но тоа е карактеристично за сите маварски свети градби. Но, затоа нејзината внатрешност, остава силен впечаток. Познати се двата големи дворови  – дворот Мирта и Дворот на лавовите. Во кулата Комаре е сместен дворот на делегатите, каде што Boabdil, пред да избега од Гранада, за последен пат ги собрал своите советници.

“Само, музика би можела да ја опише оваа убавина“, изјавил Kurt Hilser. На еден од ѕидовите на Алхамбра е запишан арапскиот запис: “Мене Алах ме опсипа со ваква убавина, па дури и ѕвездите на небото мирно стојат и гледаат надолу – во мене“.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi