Бакнежи од чоколадо и капини

popara17 октомври, 20111min00
Baknezi od kapini

Потребни состојки:

200 гр. путер

250 гр. шеќер

200 гр. кафеав шеќер

1 јајце

1 лажица екстракт од лешник

500 гр. брашно

1 ќесичка прашок за пециво

¼ лажичка сол

40 чоколадни бомбони во форма на солзички

100 гр. шеќер во прав

4 лажици џем од капини

2 лажици млеко

Припрема:

Во посебен сад изматете го путерот со миксер, па додадете го шеќерот и кафеавиот шеќер. Изматете ја смесата, па додадете го јајцето, брашното, прашокот за пециво, солта и екстрактот од лешник. Мешајте се додека семсата не се соедини и хомогенизира. Прекријте го тестото и ставете го во фрижидер да отстои најмалку еден час.

Загрејте ја рерната на 170 степени целзиусови. Од тестото направете топчиња со дијаметар од околу два санитметри. Топчињата посипете ги со шеќер и наредете ги во тава за печење на која претходно сте ставиле хартија за печење.

Печете во загреана рерна 10-12 минути, се додека колачињата не поруменат. Врз секое колаче втиснете по една чоколадна бомбона додека е топло. Наредете ги колачињата врз чинија за сервирање.

Во посебен сад измешајте ги шеќерот во прав, млекото и џемот од капини. Додадете ја смесата во 100 мл. вода и варете ја во тенџере на оган се додека џемот не се растопи. Нанесете од смесата врз чоколадните бакнежи и послужете. Добар апетит!

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag