Бијонсе на суд – заради неа 70 луѓе останале без работа

27 април, 20110
Beyonce-Knowles
Познатата американска поп дива Бијонсе Ноулс неодамна заработила тужба заради прекршување на договор, што лани го склучила со компанијата за компјутерски игри “Гејт фајв“.  Поради раскинување на договорот 70 луѓе останале без работа, а компанијата бара од Бијонсе надоместок од 100 милиони долари.
Компанијата “Гејт фајв“ сакала да направи игра што ја нарекле “Старпауер: Бијонсе“, инспирирана од нејзиниот лик и дело.
Наводно компанијата и’ понудила голем износ, а откако се’ било договорено, Бијонсе побарала поголема сума пари и поставила нови услови за соработка. Кога сватила дека компанијата нема да и’ ги исполни барањата, пејачката се повлекла од проектот.
Поради тоа, за време на божиќните празници минатата година околу 70 луѓе што работеле на проектот, останале без работа.
“На почетокот на декември се’ се одвиваше нормално. Но, за текот на празниците, Бијонсе рече дека тоа е тоа и дека повеќе не сака да слушне за нас. Заради неа 70 луѓе останаа без работа. Попрво би ја правеле играта отколку да се влечеме по судови, но сакаме да ја надоместиме штетата што и’ е направена на нашата компанија“, изјавил основачот на компанијата Грег Изли.
“Гејт фајв“ ја тужат Бијонсе за повеќе од 100 милиони долари.

Извор: Нетпрес

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma