Бинг „тапка“ во место!

18 август, 20110
bing

Како што пренесуваат од ComScore, пребарувачот на Микрософт, Бинг, во јуни годинава поседуваше 14,4% од пазарот на интернет пребарувачите, а во јули процентите не бележат промени.

Што се однесува до останатите интернет пребарувачи, и покрај падот од 0,4% во јули, Гугл сé уште е најмоќен и поседува 65,1% од пазарот. По него е Јаху, со 16,1%, кој во јуни годинава имаше раст од 0,2%, а трет е Бинг.

Во јули (САД) извршени се повеќе од 17,1 милијарда пребарувања, што е за 3% повеќе од пребарувањата извршени во јуни.

Иако Микрософт вложуваат енормни средства сé со цел својот интернетски пребарувач да го направат поконкурентен на пазарот, тие средства некако не им се враќаат. Сепак, од Микрософт сметаат дека е потребен подолг временски период, т.е. повеќе од месец дена за инвестираните средства да бидат вратени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit