Кој го ликвидираше Иван Горан Ковачиќ? Комунистите ,,чистеле,, интелегенција…по терк на Сталин!

23 септември, 20110
ivan_goran_kovacic_zamislje

Српскиот историчар Горан Милорадовиќ за Иван Горан Ковачиќ слушнал уште кога тој бил на десетгодишна возраст, исто како и многуте други деца од просторите на Екс Југославија. Тогаш се запознал со судбината за младиот и храбар поет кој заминал во партизаните, каде бил поттикнат од усташките злосторнички дела врз Србите, да го напише славното дело „Јама“.

На Горан М. познато му е и дека поетот не го дочекал крајот на војната бидејќи, додека му помагал на својот пријател по битката на Сутјеска го фатиле и го убиле четниците. Никој не знае за местото кае тој закопан, исто како и што има предвидено во својата песна „Мојот гроб“.

Низ годините Милорадовиќ налета на новинарски текс од 1952 год. во кој се вели дека е пронајден Горановиот гроб, и покрај тоа што ова веќе прерасна во мит. Така започна да се зголемува интересот за поетот, а резултатите на истражувањето за тоа каде исчезнала вистината во приказната и каде почнува митот ја изнесеа во рамките на Десничарскиот собир кој се одржал во Загреб, а таму И.Г Ковачиќ е претставен како позитивец и борец од „добрата“ страна, кого четниците го убиле, пренесува Јутарњи лист.

Јадрото на митот вели Милорадовиќ го создал Моша Пијаде во текстот за Владимир Назор во 1944 година, во кој за И.Г Ковачиќ напишал: „Младиот хрватски поет, кој во песната „Јама“ така силно го оформи најжестокиот испеан протест во војната против усташките колежи над Србите, беше убиен од „српските одмаздувачи“,четничките изроди, од тие германски и усташки сојузници. Му го пресекоа грлото, кое така искрено и силно грмеше од братската хрватска душа против усташките злочини над српските деца..“

Изгледа се планирало да се прикријат последиците од граѓанската војна во која се одвиваа паралелно различни приказни: војна против окупаторите, меѓунационалните судири, идеолошките несовпаѓања помеѓу поедини народи. Судбината на поетот беше идеална за поставување жичка помеѓу разгневените народи.

Според мислењето на историчарите не застана приказната само околу смртта на поетот, туку модифицираа и период кој претходеше на Горановото приклучување во партизаните.

Се настојува да се утврди дека неговото заминување од партизание има симболиски потенцијал кој се споредува со доаѓањето на Владимир Назор. Како и да е тогаш никој за него не размислувал, бидејќи и не го сфатиле како озбилен книжевник, туку само како новинар. Назор кој се наоѓал во постари и позрели години јасно му било дека мора жив да го дочека крајот на војната, па за него се грижеле многумина. За Горан пак се зборувало со потсмев, судејќи му по неговото однесување и за тоа како тој изгледал.

На пример може да се забележи на првите фотографии од партизанските денови дека е во штофан мантил, со кариран шал. Со себе донел два куфера и книги од Shelley и Keats. Очигледно е дека се разликувал од другите, па така неговиот соборец Младен Ивековиќ го опишал во своите текстови како загребско „мамино синче“. Според Џ.Тиљак пак Горан се приклучил во партизаните поради поетски побуди. За жал тоа што почна како комедија заврши како трагедија, пишува Јутарњи лист.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi