Легендарниот канадски актер Доналд Сатерленд, доби своја ѕвезда на Булеварот на славните која е поставена веднаш до онаа што пред две години ја доби неговиот син Кифер, пренесуваат светските агенции. По речиси педесет години успешна кариера, Доналд Сатерленд доби ѕвезда со своето име на познатата холивудска патека на славните. Тој на публиката и е познат по своите остварувања во филмовите: “Обични луѓе”, “Гордост и предрасуди”, “Казанова”, како и серијата “Граѓанин Х” што му донесе Златен глобус за споредна улога.
Извор: Нетпрес