Потребни состојки:
6 големи банани
6 стапчиња за лижавчиња или сладолед или коктел стапчиња
100 гр. чоколадо за готвење
150 гр. сецкани бадеми
Припрема:
Бананите оставете ги да отстојат една вечер во фрижидер, па извадете ги, излупете ги и исечете по една третина од секоја банана.
Растопете го чоколадото на пареа, а бадемите ситно исецкајте ги и ставете ги во посебен сад.
Во секоја банана ставете коктел стапче или стапче за сладолед до половина. Секоја банана најпрво брцнете ја во чоколадото, а потоа во садот со сецкани бадеми.
Ставете ги бананите на тава прекриена со хартија за печење. Ставете ги во фрижидер да отстојат се додека чоколадото не се стврдне. Добар апетит!