Чорба со леблебија

popara29 јули, 20111min00
corba

Подготовка:

Леблебијата претходната ноќ потопете ја како грав, наутро додадете лажичка ким, сварете ја исцедете и оставете ја настрана.

Водата во која се варела леблебијата оставете ја за подоцна. Спанаќот ставете го во солена вода и варете 2-3 минути, исцедете, почекајте да се олади и ситно исецкајте.

Кромидот ситно исецкајте го и пропржете го на врел зејтин, додадете ги спанаќот и леблебиите, пире од домати, 8дл млака вода во која се вареше леблебијата, посолете и оставете на силен оган додека не зоврие, а потоа намалете ја температурата и варете уште 30 минути.

Парчињата леб испечете ги на рингла и секое парче премачкајте го со лук, попраскајте со неколку капки маслиново масло и пресечете ги на пола. Половинките леб ставете ги во длабока чинија за супа, одозгора сипајте ја врелата чорба и украсете со рендано козјо сирење.

Состав:

  • 600гр леблебија
  • 500гр спанаќ
  • 400гр пире од домати
  • Пола главица кромид
  • Лук
  • 4 парчиња леб за тост
  • 30гр козјо сирење
  • Маслиново масло
  • Сол и ким

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma