Цвеклото – промотор на активниот живот

29 октомври, 20110
cveklo

Во вечната потрага по најдобри можни резултати, спортисти треба да бидат постојано во одлична форма и да имаат многу кондиција. Според последните истражувања, најдобар начин за да ги изджат напорните тренинзи е да пијат природен сок ​​од цвекло!!!

Истражувачите од британскиот универзитет Ексетер неодамна откриле дека редовното консумирање на сок цвекло ја зголемува издржливоста на спортисти за дури  16%. Имено, сокот од овој зеленчук ги шири крвните садови, го намалува крвниот притисок и  овозможува да се подобри протокот на крвта, но исто така влијае и на мускулното ткиво и го намалува количеството на кислород кое му е потребно на телото за време на вежбањето.

Овие карактеристики на сокот од цвекло имаат позитивно влијание врз способноста за извршување на физичка активност, било да станува збор за тренинзи со висок или низок интензитет на напор. Тој содржи високо ниво на нитрати, за кои научниците откриле дека се од клучно значење за подобрување на физичките перформанси.

„Иако ова истражување беше спроведено само врз младите здрави, и активни поединци, сметам дека сокот од цвекло може да им помогне и на постарите луѓе или оние со  кардиоваскуларни и белодробнипроблеми. Дневно конзумирање на свеж сок од цвекло ќе им помогне да бидат физички активни и да го прават сето она што инаку не би можеле“,

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma