Дали John F. Kennedy е убиен поради неговиот интерес за тајните документи во врска со НЛО?

9 мај, 20110
0

Тајни белешки покажуваат дека Американскиот Претседател побарал фајлови поврзани со НЛО, 10 дена пред да биде убиен.

 

Во едно од необјавените писма напишани од John F. Kennedy до тогашниот шеф на CIA, покажува дека Претседателот побарал да му бидат прикажани строго доверливи документи поврзани со НЛО и Вонземјаните, 10 дена пред неговиот атентат.

“Тајната белешка” е едно од двете писма што John F. Kennedy ги напишал барајќи информации за паранормалните појави на 12 Ноември 1963 година.

Авторот William Lester рекол дека CIA му ги приложила документите под актот  “Закон за слобода на информации”, откако тој испратил барање во врска со истражувањето за неговата книга: “A Celebration of Freedom: JFK and the New Frontier “.

Според  AOL News, големиот интерес на Американскиот Претседател  во врска со документите за НЛО непосредно пред неговата смрт ги поттикнува теориите за можен заговор за неговото убиство.

Истражувачите на Вонземјани изјавиле дека последните документи кои му биле приложени на Lester од страна на CIA, додале тежина на сугестијата дека Американскиот Претседателот бил застрелан само за да се спречи откривањето на вистината за постоењето на НЛО.

Во прилог e еден од тајните документи објавени под актот ”слобода на информации”, каде Председателот John F. Kennedy ги побарал документите за НЛО од директорот на CIA.

Во вториот меморандум, испратен до администраторот на NASA, Американскиот Претседател изразил желба за соработка со тогашниот Советски сојуз во рамките на заеднички вселенски активности.

Според  William Lester, како дел од истражувањето на неговата нова книга за Kennedy рекол дека интересите на Kennedy во врска со НЛО биле поттикнати од загриженоста околу односите со поранешниот Советски сојуз.

“Тој стравувал дека појавата на НЛО на територијата на Советскиот сојуз би можело да се протолкува како нов вид на оружје на Американската армија, и Русите тоа погрешно да го разберат и да помислат дека имаат агресија од страна на САД, изјавил Mr. Lester.

“Мислам дека една од причините зошто тој сакаше да ги добие овие документи и да бидат надвор од јурисдикцијата на NASA е намерата да им ги покаже на Русите “Видете тоа не сме ние, ние не го правиме тоа, не провоцираме“, додал Mr. Lester “.

Но, теоритичарите на заговори, рекле дека документите за НЛО имале зголемен интерес наводно кога се појавил спорниот документ наречен “изгорен меморандум“, каде НЛО истражувач рекол дека го добил во 1999 година.

Наводно се тврди дека меморандумот бил испратен до НЛО истражувачот Timothy Cooper во 1999 година од страна на непознат CIA проток на информации, но никогаш тоа не било потврдено.

Во писмото заедно со меморандумот, испратено од вработен во CIA, се вели дека тој работел за CIA во периодот од 1960 до 1974 година и дека го извадил меморандумот од пожар, кој наводно бил подметнат од агенцијата за да ги уништи најчуствителните документи и фајлови.

Во меморандумот стоеала референцата до “Lancer”, коe билo тајното име на Kennedy користено во тајните разузнавачки документи.

На првата страница, директор на CIA имал напишано: “Како што знаете, “Lancer“ има побарано информации во врска со нашите активности, но тоа ние не смееме да го дозволиме. “’Ве молиме поднесете ги вашите ставови најдоцна до Октомври. Вашиот став на ова прашање е клучен за понатамошното продолжување на активностите на групата.’

Сегашниот сопственик на “изгорениот меморандум”, кој го купил од НЛО истражувачот Timothy Cooper во 2001 година, изјавил за AOL,  дека John F. Kennedy поставувал прашања во врска со НЛО и дека CIA “го откачила“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi