Дали во креветот сте “воин” или “контролор”?

4 јули, 20110
seksualni vestini 1

Откривањето на сексуалниот стил е клуч за добар сексуален живот, смета Трејси Кокс, љубовен советник и авторка на книгата “Супер – секс за цел живот”. Таа наведува пет стилови според типот на личност.

ЕНЕРГИЧАРИ

Тие се трудат да му удоволат на партнерот во детали, да го задоволат во креветот и имаат доверба во него. Маана им е што секогаш сакаат да доминираат, па и во сексот. “Енергичарите” сакаат да експериментираат со сексуални играчки, да гледаат порничи и разговараат “валкано” во креветот. Не сакаат туѓи правила, а после сексот повеќе прашуваат какви биле а не дали сексот бил добар.

Подобрете го сексот: на “енергичарите”лесно им се чини како да се “мајстори” за секс, всушност нивното воведување на новитети и побарувања за експериментирање можат да преминат во рутина. За овој тип на луѓе добро е понекогаш да се вратат на класичен секс во спалната соба во најпријатна поза и едноставно да уживаат во партнерот.

СТАБИЛИЗАТОРИ

Овие луѓе се внимателни, спремни на соработка, добри и великодушни, а претставуваат вистинска утеха на некој кој во претходните врски бил повреден. Лошата страна е тоа што сексот со него е предвидлив. Непријатно им е да разговараат за сексуалните проблеми и гласно да го искажуваат задоволството во сексот.

Подобрете го сексот: Наместо исклучително задоволување на партнерот, охрабрете се и побарајте од партнерот да направи нешто што вие сакате, а партнерот тоа ќе го цени бидејќи тоа ќе го протолкува како знак на опуштање.

ПРИКЛУЧОЦИ

За нив целта на сексот е изразување на чувствата. Сакаат големи љубовни гестови и мазење, а секс на брзинка, игри како менување на улогите или остварување на фантазиите не ги занимаат. Добрата страна на “приклучоците” љубовници е тоа што лесно простуваат се додека чувствуваат дека партнерот ги сака. Лошата страна е што не ги изразуваат своите сексуални задоволства.

Подобрете го сексот: Како врските никогаш не се совршени, приклучоците би требало да ги намалат своите очекувања и да ги отворат вратите на спонтаниот секс. Поместувањето на границите во сексот, помешано со романтични моменти ќе биде вистинско освежување и ново искуство за “приклучоците”. Еротска литература, филмови, фотографии со голи тела, се ќе помогне во постепеното опуштање.

ВОИНИ

За нив сексот претставува оптеретување иако во него уживаат. Чувствуваат голем притисок дека морат да го задоволат партнерот и често мислат дека другите се повешти од нив. Поради стравот од неуспех и разочарување на партнерот тие можат дури и да го избегнуваат сексот и да применуваат мастурбација.

Подобрете го сексот: “воините” би требало да размислуваат за негативните сексуални искуства од минатото и за нив отворено да поразговараат со партнерот. “Воините” кои се самци им се советува разговор со пеијател од доверба или со психолог, како и прекин на авантурите од една ноќ поради кои им страда сексуалната самодоверба.

КОНТРОЛОРИ

Тие сакаат рутина, како во спалната соба така и надвор од неа. Не сакаат изненадувања туку предвидливост и познавање на ситуацијата. Сексуалните изненадувања за нив не се пожелни, па на таквите предлози на партнерот се чувствуваат повредено. Добрата страна е што “контролорите” најчесто се задоволни со сопствениот сексуален живот но лоша страна е тоа што таквиот секс долгорочно ќе задоволи само партнер со слично размислување.

Подобрете го сексот: Одредена предвидливост е во ред но не треба да се претерува. Може да се направат список на нешта кои сакаат да се испробат што ќе ги приближи во сексот. Постепеното влегување во нови чекори, испробување на нови пози и “контролорите” ќе се опуштат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit