Дали Земјата ја чека нов Чернобил?

17 март, 20110
fukushima-daiichi

Јапонија има 18 нуклеарни централи, кои заедно со 54 реактори  ја снабдуваат државата со скоро 29% електрична енергија. Кога земјотресот и се случи на Јапонија, се оштетија и четри електрани на источниот брег на државата. Три од нив беа стабилизирани, но ситуацијата во Фукушима се влошува. Фукушима се наоѓа на источниот брег во близина на градот Окума и е една од 25-те најголеми нуклeaрки во светот со своите 6 реактори.

Што се случи до сега:

Реактор1: Во неделата, првата експлозија која се случи, сруши ѕид и го крена кровот на надворешниот слој од реакторот, и според наодите реакторот бил недопрен. Бројот на повредени во првата експлозија изнесувал 4 лица, а целото локално население било евакуирано. Од тогаш реакторот се полни со морска вода за да може да се олади.

Реактор 2: Во понеделникот, доцна ноќта, работниците пријавиле дека состојбата на реакторот е нестабилна. И по полнењето со морска вода, дојде до експлозија во 6 часот утрото во вторник. Експлозијата го уништила внатрешниот слој и основата на двата реактора делумно се стопиле. Во тој момент јапонските власти јавија дека нивото на радијација значително се зголемува. Работниците почнале да ја напуштаат нуклеарната електрана, иако еден дел од нив, сега познати по името “Фукушима 50“ доброволно останаа да помагаат во ладењето на реакторите, иако им се заканува опасност дека само по неколку недели можат да починат од високото ниво на радијација.

Реактор 3: Веднаш по експлозијата број 1, се случила водородна експлозија во третиот реактор, која ја крена во воздух надворешната конструкција на објектот. Во овој момент оваа единица е под надзор и не работи.

Реактор 4: Оваа единица која не била во функција за време на цунамиот и земјотресот, ја зафати пожар, непосредно по експлозијата во реакторот број 2. Со цел да се намали катастрофата се прска со морска вода и борна киселина во оваа единица. Кај реакторите 5 и 6 нема никакви промени.

 

Дали и колку треба да не загрижува нуклеарната катастрофа во Јапонија?

Колку е сериозен инцидентот?

На скала од 0 до 7, инцидентот во Фукушима оценет е со 4, што значи дека тоа е “катастрофа со локализирани последици“. Меѓународната скала за мерење на нукеларни и други настани со висока радијација и зрачење пак инцидентот во Чернобил и катастрофалното испуштање радијација во човековата средина го оценија со 7 или карактеризиран како “сериозен инцидент“. Сериозноста на инцидентот во Јапонија зависи од способноста на власта и релевантните агенции за спречување на натамошно разградување на реакторите.

Што предизвика експлозијата?

Два нукеларни реактора претрпеа водородни експлозии, кои ги разрушија надворешните ѕидови на зградите во кои се чува нуклеарното гориво, но самите контејнери за складирање не беа оштетени. Првата експлозија се случи во саботата, а втората во вторникот. Двете експлозии се резултат на собирањето на водоротот кој е исклучително запалив. Ова се случи откако се донесе одлука да се испуштат гасови од системите за ладење и пареа кои се наоѓале во рамките на реакторите. Ова не беше нуклеарна експлозија и се немаат оштетено челичните контејнери каде се чува горивото, изјавија властите на Јапонија. Земјотресот предизвика прекин на работата на реакторите, како и што е предвидено при големи сеизмички промени. Сепак производството на топлинска енергија не е запрено, иако целиот процес беше контролиран преку системот за ладење кој инјектира ладна вода во реакторот. Гасењето на реакторите беше придружувано со снемување електрична енергија , што довело до вклучување на дизел генераторот, кои пак претставува клучен алат за ладење на генераторот. По неколку часа и помошниот генератор се здобил со штета, која најверојатно беше резултат од надојденото цунами. Брановите биле високи 7 метри, додека целиот објект бил дизајниран да претрпи удар од бран од максимум 6,5 метри висина. Набргу по тоа специјалните служби обезбедиле мобилни генератори, за да се надомести губитокот на електрична струја.

Нов Чернобил?

Моменталната ситуација се уште неможе да го даде одговорот на ова прашање и ништо неможе да биде исклучено како потенцијална опасност. Најголема катастрофа може да предизвика излезот на нукеларното гориво. Иако многу експерти сметаат дека ова сценарио е малку веројатно дека ќе се случи. Дизјанот на нукеларните реактори во Чернобил е многу поразличен од дизјанот на јапонските. Поранешната нуклеарна централа во Советскиот Сојуз имала застарени безбедносни системи во споредба со оние кои Јапонија ги има инсталирано.

Долгорочни имликации

За сега во надворешната средина е ипуштено мало количество на радијација. Надлежните органи изјавиле дека нивото на радијација во околината на Фукушима е на нормално ниво, а околу 230.000 лекарства се рапределени низ здравствените центри во округот на Фукушима со цел да се спречи внесувањето на радиоактивни материи во организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi