Добил на лото, дал отказ и сега сака пак да се врати на работа
15 февруари, 20110
![lottery-3](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/02/lottery-3-610x269.jpg)
Британски шофер на автобус Кевин Хелстед, 47, доби на лото 2,3 милиони фунти и даде отказ. Но по една година, тој сака повторно да се врати на своето работно место. Тој сака повторно да вози автобус, да се дружи со своите колеги и да го има животот кој го имал порано. Изјавил дека многу му недостасува работата и она што го имал претходно. Му недостига она што го работел цели 17 години. Знам дека ви звучи лудо со толку пари што ги имам и да сакам да бидам шофер, но јас го сакам тоа навистина, изјавил Кевин.