Според пишувањето на белградските медиуми, познатата британска пејачка ќе го посети и Белград летово, за време на нејзината турнеја. Наводно, при крај се преговорите со менаџерите на контроверзната пејачка и повеќе кратна добитничка на Греми награди, која од неодамна им се врати на настапите по подолга пауза во нејзината кариера. Ејми во Белград доаѓа во јуни, а локацијата за нејзиниот настап и точниот датум се уште не се познати. Таа го снима својот трет студиски албум.