Ерусалим

22 август, 20111
Ѕидот на плачот

Светиот град

Побожниот прекар “Кнезот на мирот“ што е даден на овој град, звучи малку иронично. За Ерусалим, град во кој се одиграле страдања, смрт и воскреснувањето на Исус Христос, веќе 2.000 години нема мир. Ниту на едно место на земјата не течело толку крв како таму, ниту на едно место не се одиграле толку жестоки борби.

Но, никаде на друго место не се кажани толку многу молитви како во Ерусалим.Од времето на Исус Христос, градот бил единаесет пати освојуван и пет пати целосно уништен. Неговите остатоци претставуваат сведоштва на минатото, а според истражувањата на археолозите, Ерусалим е изграден на 20 метри висок слој од рушевини.

Во 70 година се оствари она што Исус Христос го имаше предвидено: “Ерусалим ќе го газат неверниците се додека не им дојде нивното време“. Легијата на Царот Titan го опожарила градот, како и 18 километри шума и претворена во пустина, каква што е денеска. Градските ѕидини биле срушени, храмот на Евреите разорен и уништен. Остатоците од градот биле целосно уништени од страна на Римјаните. Двеста години подоцна, од Византија дошла побожната царица Jelena за да пронајде свето место и мир. Била во потрага да го најде светиот гроб. Од тоа време, Ерусалим, стана град со кој историјата се поигрува. Во 614 година, бил разорен од Пресијанците; 637 година бил освоен од Khalif Omar; 1072 година Seljuq; 1099 година крстоносците. Во 1177 година султанот Saladin го презел градот, а 1617 година, османлиите јуришале на градските ѕидини; 1917 година, англиската армија влегла во Ерусалим, а од 1948 година огорчено се борат Јордан и Израел, околу тоа, кој ќе го поседува Светиот град. Под притиско на ОН, било потпишано примирје.

Двете спортивставени страни, задржале дел од градот кој претходно го запоседнале. На тој начин била создадена апсурдна граница. Еден предел или ничија земја со многубројни оклопни возила и ограда од бодликава жица го дели она што илјадници години било една целина. Еден единствен премин, ги спојува двата дел на Ерусалим – врата од бадемово дрво. Јорданците им забраниле на Евреите да се молат пред најголемото светилиште на еврејскиот народ, пред Ѕидот на плачот. Тој ѕид е последен остаток од храмот кој го имаат разорено Римјаните. Се состои од огромни до 1,5 метри високи и 11 метри долги, камења со квадратен облик. Вкупно 11 камени столбови се прекриени со насип, а уште 14 се видливи. Од јуни 1967 година, со освојувањето на стариот дел на Ерусалим, побожните Евреи, повторно можат да се молат пред Ѕидот на плачот. Секој петок, голем број на мажи, ги бакнуваат камењата, плачат и жалат за разорениот храм, ќе можат ли во иднина да седат и да плачат пред Ѕидот на плачот? Одговорот, никој не го знае. Трагедијата “на Светиот град“, сеуште не е завршена. Христијанските места на спомени, ги имаат претрпено истите несреќи како еврејските. За христијаните, ридот Калварија и Светиот гроб, претставува централно место околу кое се сé врти во Ерусалим.

Поминувајќи низ лавиринт од тесни улички, човек се изненадува кога ќе се најде пред Базиликата на Светиот гроб – изгледа разрушено и мрачно. Сите архитектонски стилови, од последните илјада години се овде застапени. Во внатрешниот дел на Базиликата, се наоѓа венец од мали капели, кои се поврзани меѓу себе и внатрешно се наоѓа Светиот гроб. Базиликата се наоѓа на брдото Голгота. Под црквената купола се наоѓа мермерна капела со предворје и тоа е т.н. Ангелска капела. Во неа, се чува каменот кој е отстранет од гробот на Исус Христос од ангелите. Тое е тесен простор, кој би можело во истовреме да го посетат само 4 лица.

Мирисот на темјан го исполнува воздухот, 43 скапоцени светилки го осветлуваат, а ѕидовите се обложени со мермер. Верниците со молитва, клечат пред каменот пред кој некогаш лежело телото на спасителот. Петте вероисповеди – грчко-православна, римокатоличка, сириска, коптска и јаховистичка – ја имаат поделено власта над Светата црква.

Улицата Via Dolorosa, по која Исус Христос го носел својот крст не може со точност да се утврди каде е, бидејќи во текот на времето, неколку пати и ја менувале локацијата, различните владетели. Денеска, тоа претставува тесна уличка, означена со плочи на 14 места – првата се наоѓа покрај манастир на француски калуѓерки, а четиринаесеттата и последна претставува гробна капела во Базиликата на Светиот гроб.

Само во Гетсиманската градина кој се наоѓа под Маслиновата гора, блиску до ѕидините на стариот град во Ерусалим е тивко и мирно исто како и пред 2.000 години, кога Исус Христос овде седел со своите ученици. Овој двор припаѓа на фрањевците, кои биле одредени од страна на Папата да чуваат стража на Светото место. Од Гетсиманската градина, градот Ерусалим го гледате како на дланка. Низ “златната врата“ на градските ѕидини влегол Исус Христос, јавајќи на магаре во Ерусалим и им довикал на народот “Hosana”. Сé до 8-от век, грчкиот патријарх секоја година јавајќи на магаре влегувал низ “златната врата“ во градот. Потоа, Арапите ја заѕидале, бидејќи се плашеле од едно старо предвидување според кое еден ден низ таа врата ќе влезе христијанскиот спасител на Ерусалим.

Муслиманите исто така, го ценат Ерусалим, после Мека и Медина, како трет најсвет град на исламот, бидејќи Muḥammad од градот Ерусалим, полетал на крилеста кобила од бајките – Al-Burāq. Тоа се случило на светото место Харам ал шариф. Solomon на истата локација околу 960 година п.н.е. го изградил првиот еврјески храм. Точно на тоа место, Арапите и покрај спротивставувањата на Евреите, поставиле голем споменик на Muḥammad – Храм на карпа. Овој храм никогаш не служел како џамија, иако во многу туристички водичи тоа може да се прочита. Со својата позлатена купола, овој храм бил замислен како оклоп околу светата карпа.

Осум скали, кои завршуваат со аркади водат од сите страни до Храмот на карпа. Арапите тие аркади ги нарекуваат “мавазин или ваги“. На судниот ден според исламска легенда, од тие аркади па се до Маслиновата гора ќе биде распнатно коњско влако. Сите кои воскреснале мора да поминат преку него, а тие кои направиле некоја неправда или грев ќе паднат во вечно проклетство.

One comment

  • Lence

    6 февруари, 2013 at 19:51

    skratena i dobra statija

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi