Facebook му штети на вашиот мозок

19 април, 20110
facebook login

Денеска светот не бомбардира со многу мејлови, смс пораки, твитувања, фејсбук статуси, видеа и друго, но тоа не е добро за нашиот мозок, тврдат неучниците. Меѓу научниците веќе подолго време постои загриженост дека препуштајќи се на секојдневните технолошки стимули е лошо за нашиот мозок, исто како што е лош шеќерот или пак маснотиите во крвта. San Francisco Chronicle пишува, време е да размислиме за “технолошка диета“. Научниците од Универзитетот во Калифорнија UCSF, минатата недела објавиле студија во која се презентирани докази дека така наречениот мултитаскинг и вршењето повеќе задачи и работи истовремено, го влошува и им се заканува со кратокорочна меморија, особено на повозрасните. Научниците исто така открија дека мобилните телефони или друштвените мрежи можат да го попречат долгорочниот развојот на помнење и менталната изведба. Во истражувањето кое е објавено во 2009 година во Универзитетот Стенфорд, се покажало дека луѓето кои прават повеќе работи истовремено имаат лоши резултати на тестовите од оние кои се брало да се префрлат од една на друга задача. Се чини дека небитните информации многу лесно може да ви го свртат или одземат вниманието. Некои психијатри пак се зарижени поради фактот дека се повеќе луѓе стануваат зависни од технологијата и неможноста да се откажат од неа, па дури и кога таа негативно делува врз нив. Меѓу оние кои се постојано “онлајн“, постојано има жалење дека им недостасува фокусирање и внимание кои го имале некогаш. Тешко им е до крај да прочитаат некоја книга или да игледаат филм или пак до крај да прочитаат некоја статија на интернет.

Сепак, мобилните, компјутерите, социјалните мрежи од друга страна придонесуваат за квалитетот и олеснувањњ во животот. Не поврзуваат со пријателите, колегите и светот околу нас и сите информации за кои сакаме да дознаваме. Она што е тешко, е тоа луѓето своето внимание да го насочат кон битните информации, наместо на ирелевантните детали кои го одвлекуваат нивното внимание.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *