Фељтон: Принцови на столетието, “Lamborghini” 3-дел.

4 јули, 20110
0

Lamborghini од 1965 do 1968 годинa

Во 1965 година, Gian Paolo Dallara направил подобрувања на V12 моторот на Bizzarrini, со зголемување на моторот на 3,9 литри, а неговата моќност до 320 КС со 6.500 вртежи во минута. Моторот за прв пат бил инсталиран во моделот 400 GT. Во 1966 година на Авто саемот во Женева, Lamborghini дебитирал со моделот 400 GT  2 +2, верзија на 350 GT/400 GT само опремена со 2 +2 седишта и со други помали надградби. Моделот 400 GT 2 +2, како и неговите претходници, бил добро прифатен од страна на медиумите и критичарите. Приходите од продажба на моделот 400 GT 2 +2 овозможило поголем раст на компанијата и со тоа зголемување на работната сила до 170 вработени што придонело за зголемување на производството и задоволување на поголем број на клиенти.

Во текот на 1965 година, Dallara, Stanzani, и Wallace започнале да развиваат прототип на Lamborghini кој ќе има тркачко педигре но сепак ќе може да се вози и на регуларен пат. Тие се надевале дека ќе го убедат Ferruccio Lamborghini зошто бил противник на таков модел на автомобил кој чинел многу пари но и го одвлекувал вниманието од фокусот на компанијата. Но сепак Ferruccio попуштил и одобрил неговите инженери да продолжат со развивање на прототипот, кој подоцна ќе биде познат под името Lamborghini P400.


Автомобилот имал необична шасија за разлика од другите модели Lamborghini и бил прикажан во 1965 година на Авто саемот во Торино. Подоцна каросеријата била доработена од страна на Bertone и завршена само неколку дена пред започнување на Авто саемот во Женева во 1966 година. Моделот P 400 имал позитивна критика од страна на медиумите и критичарите што довело до продукција на автомобилот во 1967 година, под името Miura. Стилот на Miura ќе стане стандард за спортските модели со две седишта, тренд кој продолжува и денес.

Lamborghini сега веќе го имал статусот на лидер во производство на спортски автомобили, додека моделот 400 GT бил софистициран патен автомобил кој Ferruccio Lamborghini долго време сакал да го изгради. До крајот на 1966 година, работната сила во фабриката достигнала до 300 вработени, и доволен број на купувачи за да може да се започне со финалниот развојот на моделот Miura во 1967 година. Првите четири автомобили кои биле произведени се чувале во фабриката, каде Bob Wallace продолжил да го подобрува и доработува моделот. До крајот на 1967 година биле продадени 108 автомобили.

Производството на 400 GT и понатаму продолжило со што Ferruccio сакал да направи мали измени во шасијата која била веќе стара 4 години. Понудени биле неколку модели од страна на инженерите, како моделот 400 GT Flying Star II кој бил одбиен од страна на Ferruccio, подоцна бил понуден моделот 400 GT Monza кој исто така бил одбиен.

Ferruccio заедно со дизајнерот на Bertone, Mario Marazzi креирале модел со 4 седишта под името Marzal. Кој имал слична шасија како и моделот Miura. Но и овој модел бил одбиен од страна на Ferruccio.

Подоцна моделот Islero 400GT поминал кај Ferruccio но не успеал да привлече доволен број на купувачи, биле продадени само 125 автомобили за една година.

Новата верзија на Miura пристигнала во 1968 година, под името Miura P 400 S (попознат како Miura S) модел со повеќе моќност, со V12 мотор и 370 КС при 7000 вртежи во минута. Во 1968 година на Авто саемот во Брисел бил претставен моделот Miura P 400 Roadster (попознат како Miura Spider), купе верзија со отворен кров. Gandini на моделот посветил големо внимание, внимавајќи на сите детали како проблемите со ветерот, изолацијата на автомобилот кои се својствени за ваков тип на автомобил.

Сепак моделот Miura Spider бил продаден на компанија од САД која се занимавала со набавка на алуминиум и железо, која моделот сакала да го користи како маркетинг алатка. 1968 година била успешна за бизнисот на Ferruccio, каде биле продадени вкупно 353 автомобили во текот на годината.

Во август 1968 година, Gian Paolo Dallara, фрустриран со одбивањето на Ferruccio Lamborghini да учествува во мото-спорт трките, заминал кај ривалот De Tomaso во Модена на чело на неговата Формула 1 програмата која сакал да ја активира. Ferruccio и покрај тоа што имал раст во производството, тој сепак не сакал да учествува во мототрките, дури не сакал да изгради ни протоип за таа намена . Со моделите како Islero и Espada, неговата цел била да се направи автомобили еднакво супериорни како моделите на Енцо Ферари. За жал Dallara нема да има многу успех со програмата на De Tomaso. И за кратко време инженерот ќе ја напушти компанијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit