Фељтон: Принцови на столетието, “Lamborghini”

slobodan29 јуни, 20111min01
0

Automobili Lamborghini SpA, или кратко кажано Lamborghini е италијански производител на автомобили. Компанијата е основана од страна на Ferruccio Lamborghini во 1963 година, со цел на производство на Grand Touring автомобили, конкуренција на Ferrari.

Првите модели на компанијата биле објавени во средината на 60-тите години, со забележителни карактеристики на удобност, префинетост и моќ. Lamborghini стекнал големо признание во 1966 година со моделот Miura спортско купе, автомобил со високи перформанси за тоа време.

По една деценија брз раст на компанијата,  во 70-тите години поради финансиската криза но исто така и поради навтенета криза, фирмата почнала да забележува пад во продажбата и за кратко време преминува во стечај. Подоцна компанијата претрпува три промени на сопственици за на крај во 1987 година да премине во сопственост на Chrysler Corporation. Американската компанија не успеала да го врати реномето и квалитетот на автомобилите и била продадена на индонезиска компанија се до 1998 година кога за компанијата пројавил интерес Audi на кого и била продадена. Под сопственост на Audi, компанијата влегува во ерата на стабилност и зголемена продуктивност на Lamborghini, со зголемена продажбата речиси десеткратно до 2000-та година. Од 2000 до 2006 година поради светската финансиска криза се јавува пад на продажбата на Lamborghini, но веќе во 2007 и 2008 година компанијата повторно бележи голем пораст на продажба и продуктивност.


Компанијата денес се уште се наоѓа во Сент Агата во Болоња, каде во две фабрики се склопуваат и шасијата и моторот на автомобилите Lamborghini. Годишно се произведуваат околу 3.000 автомобили. Компанијата во моментов на пазарот нуди две варијанти од еден модел со V10 погон на моторот, тоа се Gallardo Coupe и Roadster. Предводникот на V12 моторот Murcielago Roadster Coupe бил стопиран од производство кон крајот на 2010 година. Неговиот наследник Lamborghini Aventador, се очекува да се појави на пазарот во 2011 година.

 

One comment

  • Dragana

    1 јули, 2011 at 10:41

    Lamborghini e podobar od Ferrari, kolku da znaete 🙂

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma