Фетучини во сос од печурки и копар

popara15 септември, 20111min00
fettucini-with-mushrooms

Потребни состојки:

  • 500гр. фетучини
  • 200 гр. свежи шампињони
  • 10 гр. Буковка
  • 1 главица лук
  • Копар
  • Масло за јадење
  • 200 гр. Павлака
  • 1 лажичка пармезан
  • Сол и црн пипер

 

Подготовка:

Сварете ги фетучините, меѓутоа немојте да ги преварите.Откако ќе се сварат, измијте ги со ладна вода и оставете ги на цедалка да се исцедат.

Лукот ситно исецкајте го. Шампињоните и буковката исецкајте ги на листови. Загрејте масло за јадење во тава на оган, па пропржете го лукот. Откако ќе се испржи, додадете ги шампињоните и буковката и пропржете ги додека не потемнат.

Тргнете ја смесата од оган и додадете ја павлаката со постојано мешање. Потоа вратете ја тавата на оган и динстајте ја смесата околу 5 минути. Тргнете ја тавата од оган и во сосот додајте ги ситно исецканиот копар и пармезанот, и наросете сол и црн пипер по желба. Уживајте во овој италијански специјалетитет, кој се служи со добро изладено бело вино.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma