Футуристичен хотел наречен „Дворец на музиката“
11 ноември, 20110
![3](https://popara.mk/wp-content/uploads/2011/11/3114-610x283.jpg)
Овој хотел сигурно е рај за сите оние што ја сакаат музиката! Nhow е целосно посветен на музиката и модерниот начин на живот. Тој е првиот хотел во Европа со професионално студио за гостите, а рум сервис менито вклучува и музички инструменти.
На гостите им се предлага разнообразие, можат да бираат сина, сива или розова соба на цена од 170 евра. Интериорот е дело на Карим Рашид, а хотелот се наоѓа во Берлин.