Генералите на Александар Македонски

2 јуни, 20110
alexander-the-great

Антипатер – Antipater – Mакедонски воен генерал
Антипатер (398 – 319 п.н.е) бил еден од најценетите македонски генерали. Бил испратен како амбасадор во Атина во 346 п.н.е за преговорите со атињаните за мир, по Херонеја. Кога александар Македоснки тргнал кон Азија, Антипатер бил задолжен да внимава на односите помеѓу Македонија и Грција. По смртта на Александар Македонски, тој дал наредба на македонската војска да ја нападнат Грција. Тој нападнал со дотогаш најсилна македонска војска при што ја поразил Грција. Неговиот авторитет бил прифатен и од македонската војска во Азија. Сојузот со Антигон бил зацвстен со бракот кој го склучила неговата ќерка Фила со синот на Антигон, Деметриј.

Пердика -Perdiccas –  Mакедонски воен генерал
Пердика (360 – 321 п.н.е) бил член на кнежеското семејство од Горна Македонија. По смртта на Александар, на Пердика му бил даден приоритет во Советот на генерали во Вавилон. Во 322 п.н.е тој ја побарал раката на ќерката на Антипатер, Никеја, но подоцна се премислил и ја одбрал сестрата на александар, Клеопатра која била понудена од страна на нејзината мајка Олимпија. Иако овој брак никогаш не се склучил, сепак предизвикал непоправлива спротивност и конфликти со Антипатер. Во 321 п.н.е Антипатер тргнал кон инвазија на Азија, додека Пердика веќе поминал кон југ да го нападне Птоломеј во Египет. Но, тој не успеал да ја премине реката Нил, при што изгубил голем дел од својата војска, а потоа го убиле и него.

Антигон – Antigonus – Mакедонски воен генерал
Антигон I (382 – 301 п.н.е ) бил еден од најстарите и најспособните воени генерали на Александар Макдонски. Тој учествувал во раните азијатски кампањи и во 333 п.н.е станал гувернер на Централна Фригија. По смртта на Александар, Памфилија и Ликија биле додадени кон неговата провинција. Тој не сакал да го прифати авторитетот на Пердика, кој го наследил кралскиот печат по смртта на Александар. Не можејќи да ја поднесе моќта на Пердика тој се здружил со Антипатер и заедно со него излегол на полето во борба протв Пердика. По смртта на Антипатер во 319 п.н.е, Антигон се здружил со синот на Антипатер Касандар Полиперхон. Во 306 п.н.е Антигон станал првиот македонски генерал кој успеал да земе кралска титула. Во 304 п.н.е неговиот син Димитриј му објавил дека ги ослободува грците од Македонија со цел да ја стекне нивната доверба и со тоа да ги присоедини со што ќе ја зачува нивната независност. Но, во битката кај Ипс во 301 г.п.н.е бил поразен од армиите на Селевк и Лизимах. По неговата смрт исчезнала идејата за обединување на македонската империја под еден владетел.

Кратер – Craterus –  Македонски воен генерал

Македонскиот генерал Кратер ( 362-321 п.н.е.) бил еден од помладите македонски генерали на Александар Велики. Тој дошол да го окупира местото, кое Parmenio го држел години пред тоа, откако Александар го наредил неговото убиство. Александар му верувал на овој генерал неизмерно. Во 324, му била доверена задачата да врати 11.000 македонски ветерани во Македонија и бил назначен да го смени Антипатер во Европа.

Веднаш по смртта на Александар тој бил назначен за старател на Кралот Филип III Архидаеус, полубратот на Александар Велики, син на Филип II. Летото во 322 Craterus преминал во Македонија и таму се приклучил на македонските војски на Антипатерr кои биле протерани од страна на грците од Грција во војната Lamian. Потоа, заедно Кратер и Антипатер измарширале во Грција и ги заземале грчките бунтовнички сили во Crannon. Поразот од Грците ја возобновиле македонската окупација. Craterus потоа се оженил со ќерката на Антипатер, Phila, а со тоа ја зацврстил врската со стариот генерал. Во 321 тој се приклучил на Антипатер во војната против Пердика, но во битката кај Hellespont бил поразен и убиен од Еуменес, полковникот на Пердика.

Касандар – Cassander – Крал на Македонија

Касандар (355 – 297 п.н.е.), како син на Антипатер  на ја придружувал македонската војска во инвазијата на Азија, но останал во Европа за време на владеењето на неговиот татко низ Македонија и Грција. Незадоволен од изборот на неговиот татко, кој го именувал Полиперхон за негов наследник, тој го поставил него како главен ривал и побарал помош од Антигон во Мала Азија. Во 318 по поразот на флотата на Полиперхон, Касандар се вратил во Македонија, каде се обидувал да го убеди кралот Филип III да го собори Полиперхон. Од оваа гледна точка неговата контрола на Македонија останала сигурна. Вознемирен од растот на моќта на Антигон во Азија и Грција, Cassander се прогласил за цар на Македонија и се приклучил на коалицијата на Птоломеј, Селевк и Лизимах, против Антигон. Со смртта на Антигон во 301, Cassander си го осигурал царството во Македонија. Тој се оженил со сестрата на Александар Велики, Тесалоника, и во нејзина чест го основал градот Солун, кој со векови подоцна ќе се претвори во најголем град во Македонија.

Евменес – Eumenes – Грчкиот генерал во Армијата на Македонија

Евмен (360 – 316 г.п.е.) од Кардија во Тракискиот Херонез, бил единствениот грк, кој стигнал до некаква власт меѓу водечките Македонци по смртта на Александар Македонски. Евменес бил еден од ретките грци кои командувал со македонските војски. Најпрво тој бил вработен како шеф на кралскиот секретаријат. Но, Александар ги препознал неговите воени таленти и му доделил мала команда во Индија. Во 324 Александар го поставил на едно од највисоките места во во македонската војска. По смртта на Александар, Евмен станал гувернер на Кападокија и доверлив поручник на Пердика. По смртта на Антипатер, Евмен бил загрижен од силите на Антигон, но добил поддршка од Полиперхон. Бил ставен да командува со ветеранскиот корпус на македонските пешадијци познати како “сребрени штитови“ и му било н аложено да подигне сили за Полиперхон во Мала Азија. Тој спровел вешто водење на војна против Антигон за две години, додека најпосле бил предаден од македонските сребрени штитови, заробен и егзекутиран. Неговиот грчки етникум, сепак, станала цена на неговиот живот.

Лизимах – Lysimachus – Македонскиот Крал на Тракија

Лизимах( 361 – 281 п.н.е.) бил член на придружната коњаница на Александар, кои особено се истакнале во Индија. По смртта на Александар, тој станал гувернер на Тракија. Откако Пердика ја отфрлил раката на ќерката на Антипатар , Никеја, Лизимах се венчал со неа и во 315 се приклучил на коалицијата на Птоломеј, Селевк, Касандар против Антигон.

Многу години тој бил задолжен да се занимава со смирување на ситуацијата на својата територија Тракија, против бунтовничките тракиски племиња и крајбрежните грчки градови, а со тоа и да го консолидира својот авторитет.

Но, во 301 тој го започнал перфектно темпираното изненадување, инвазија на Мала Азија, а во наредната година направил спој на неколку сили со оние на Селевк за да го поразат и да го убијат Антигон во Ипс. Неговите стекнати територии се протегале од север кон југ од Мала Азија, го затворил Селевк од западниот брег и со тоа го посеал семето за идните конфликти. Во последните неколку години од неговото владеење Лизимаховите автократски и изнудувачки методи станале интензивно непопуларни, и кога Селевек ја нападнал неговата територија во 282, тој се сретнал со малку отпор. Лизимах се приклучил во Курупедион во близина на Магнезија во Мала Азија и е убиен во таа битка.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi