Гола ли е Ријана во спотот за новиот хит „You Da One“???

25 декември, 20110
rihanna-1

Новиот спот на Ријана за песната „You Da One“ го гледале скоро три милиони луѓе за три дена, откако беше промовиран минатиот четврток.

Ријана во спотот е плавуша со кратка коса и на некои моменти потсетува на Мадона од времето на „Papa Don’t Preach“. Облечена во многу тесно боди во месо боја пејачката изгледа како воопшто да не носи никаква облека. Таа е провокативна, си игра со димот на цигарата и провоцира ставајќи ја раката помеѓу нозете, нешто во стилот на Мајкл Џексон.

Дваесет и тригодишната пејачка за време на последната турнеа на својот Твитер профил ставаше „срцепарателни“ статуси поврзани со некои стари љубови, па нејзините фанови стравуваат дека Ријана сеуште пати по поранешниот дечко Крис Браун.

Последниот статус на Твитер е „Се прашувам дали си сеуште истиот и кој е со тебе. Ми недостигаш“. Џабе се секираат, сигурно се прашува што се случило со нејзиниот прв велосипед…

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma