Голем пожар во хотелот “Хилтон“ во Лондон
2 јули, 20110

Голем пожар избувна во Лондон во елитниот хотел “Хилтон”, поради што во зградата од 28 ката, со поглед на Хајд Парк, се евакуирани 1.500 луѓе, објавија градските власти.
Пожарот во кој немаше повредени, се случи во подрумот на кујната на луксузниот хотел, а потоа се проширил на вториот кат од зградата.
Најмалку 40 пожарникари и осум пожарникарски возила учествуваа во гаснење на пожарот.
Извор: Нетпресс