Во Чешка е дојдено до една необична идеја за основање агенција која ќе извршува услуги од типот чистење и оддржување на приватните домови. Основач на оваа агенција Луди чистачи е студентката Катка Копецка. Таа сега за сега има петнаесетина чистачи, мажи и жени. Од агенцијата нудат три пакети, чистачка која е облечена во долна облека, топлес, и целосно гола чистачка. Најефтиниот пакет ќе чини 150 долари. Еден професор од Прага изјавил дека е воодушевен од идејата и е сигурен дека неговиот дом ќе биде чист и миризлив токму како што е младата девојка. Чистачките се млади студентки, кои оваа работа ја прифатиле, како би овозможиле дополнителна заработувачка. Катка изјавила дека оваа агенција не нуди проституција, и при секое ангажирање на некои од девојките се потпишуваат договори кои ги определуваат правилата.