И Кукоч корисник на секс услуги во Хрватска! Што “женски“ ќе беа за 500 евра?

20 јули, 20110
tonikukoc

Една млада старлета ја раскажала приказната како Перуновиќ и бил макро и колку пари заработувала за секс со познатите.

Австриски бизнисмени, богати руси, богати деловни луѓе кои со приватни авиони доаѓале на Јадранот поради секс со старлети и квази манекенки. Сето тоа го забележила хрватската полиција во текот на акцијата за разбивање на елитната проституција, во која беше уапсен физиотерапевтот Небојша Перуновиќ  и две млади девојки.

Полицијата, тајно следела поединци осомничени, собирала докази, а одредени лица и не требало многу напор да се притиснат за да признаат и кажат се што се случувало.

Еден исказ на малда девојка, која признала дека Перуновиќ ја ангажирал да се проституира и дека и наоѓал моќни и богати клиенти. За првиот клиент кој и дошол преку Перуновиќ таа изјавила: “за сексуален однос ми плати 500 евра, 200 евра ги дадов на Перуновиќ. На АТП турнирот во Умаг работев како хостеса. Перуновиќ ме викна и ми рече да одам во еден хотел во Пореч и да му дадам сексуални услуги на Тони Кукоч. Отидов таму, не се сеќавам како се викаше хотелот. Таму имав сексуален однос со Кукоч, кој ми плати 500 евра. На Перуновиќ не му дадов ништо бидејќи имав дополнителни трошоци, како на пример такси превоз од 800 куни“.

Старлетата продолжила со изјавите и додала дека минатата година била испратена во Сплит  на јахта, каде имало уште две девојки, за две ноќи и два дена добила 1500 евра, од кои 500 му ги дала на Перуновиќ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi