Имајте увид колку трошите

1 јуни, 20110
troshenjepari

Направете таблица за водење на куќниот буџет

Со цел да имате увид во приходите и трошоците на вашето семејство, финансиските податоци бележете ги во посебна тетратка. Ова е добро од повеќе причини. Имате увид колку трошите, на што најмногу трошите, можете да вршите споредување на приходите и потребите, евентуалниот вишок пари кој можете паметно да ги искористите, увид во непотребните трошоци, можете да ги промените лошите навики кои ве доведуваат до финансиска криза, а најчесто истите се банални.

Табелата направете ја заедно со партнерот или со луѓето со кои живеете и ги делите животните трошоци. Начинот е следен: на секоја страна од тетратката напишете го месецот и годината од кога почнувате со вашето финансиско средување. Со линијар направете потребен број колони, за почеток нека бидат тесни колони и нека ги има повеќе, а подоцна ќе утврдите колку точно колони ви се потребни. Во првата колона запишете со колку пари располагате на почетокот од секој месец: плата, пензија, други приходи и точен износ за тој месец. До тука повлечете вертикална линија со црвен фломастер.

Понатаму впишете ги месечните сметки: струја, вода, греење, фиксен телефон, мобилен телефон, интернет и сл. За секоја ставка посебна колона во која на крајот од месецот ќе го впишете износот кој сте го платиле. Повлечете линија со зелен фломастер.

Понатаму напишете ги трошоците за исхрана: Основни продукти, слатки (грицки, сокови, алкохолни пијалаци, цигари – можете под една ставка да ги напишете бидејќи не се основни животни намирници, а можете таа колона слободно да ја наречете „глупости што ги консумираме“), оброци надвор од домот како трета ставка. Повторно одвојте ги со зелен фломастер.

При сево ова, запомнете: Чувајте ги сметките од маркетите, продавниците за прехранбени производи, месарите, пекарите и сл., и впишувајте ги износите во овие колони, водете сметка и немојте ништо да пропуштите. Понатаму напишете ги трошоците во домаќинството: Ситни поправки во домот (славини, сијалици и сл), средства за чистење, лична хигиена. Повторно одвојте ги со зелен фломастер, повторно чувајте ги сметките и редовно прибележувајте ги трошоците.

Потоа напишете ги трошоците за превоз: гориво, поправки на автомобилот, регистрација и осигурување, јавен превоз, паркинг и патарини. Одвојте ги со зелен фломастер. Следно напишете ги трошоците за облека и обувки: облека, обувки, модни додатоци, спортска опрема и облека. Одвојте ги со зелен фломастер, па понатаму запишете ги здравствените трошоци: лекови, прегледи, витамини и сл., масажи и третмани, дополнително здравствено осигурување. Одвојте со зелено па понатаму запишете ги кредитите и долговите: Впишете ги износите ако има такви. Одвојте со зелено па како последна ставка запишете го остатокот, кон себе си и сопствените потреби се разбира, ако имате деца напишете една колона за нив: Школски прибор, рати за во градинка, џепарлак, излегување, ужина, пелени и сл., во согласност со возраста и нивните потреби.

На крајот од месецот соберете сè и одземете ги расходите од приходите. Ако имате вишок пари инвестирајте и така обезбедете дополнителни приходи во своето семејство или едноставно штедете во банка. Ако расходите ви се поголеми од приходите, променете ги животните навики. Доколку е неопходно, променете ги навиките на целото семејство или пронајдете дополнителна работа. Ако одвоите време за размислување, решението само ќе се наметне, не трошете време, живејте и работете паметно.

Извор: statija.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma