Излечете го “синдромот на миризлива коса“

11 јули, 20110
haircare

Сите ние понекогаш имаме денови кога нашата коса “води своја политика“, но постојат и луѓе со помалку среќа кои ги погодува “синдромот на миризлива коса“. Тие се соочуваат со проблеми во врската, потсмев од колегите, а некои се дури истерани од училиштето.

“Косата ја мијам секој ден, а веќе на пладне таа почнува да мириса на пот. Поради овој миризлив демон со кој живеам уште од осмо одделение, досега сум немала момче“ – се пожали американска студентка која е една од многуте кои ги загрижува овој проблем.

Симптоми на миризлива коса

Хемичарот Пери Романовски се занимава со овој проблем и објаснува дека синдромот се манифестира преку еден впечатлив симптом – неподнослив мирис што доаѓа од косата и коренот на влакното, а тој вид на миризба варира од една до друга личност.

Кај некои миризбата е слична на миризбата на бебешка пелена, скиснато млеко, мокро куче, палто кое никогаш не било на чистење, а во најтешките случаи има мирис на маст измешана со повраќаница.

Непријатниот мирис обично се појавува веднаш после туширање или неколку дена после миење на косата, а миризбата е толку силна што “нормалните“ луѓе многу лесно ја чувствуваат. Некои жени на луѓе кои го имаат овој синдром се жалат дека миризбата останува во перниците и крпите.

Причини и решенија

Луѓето кои го имаат овој проблем се жалат дека нивните лекари не биле во можност да утврдат со сигурност што е причината за овој проблем, а многу од нив на интернет форумите се пожалиле дека нивните доктори не ги сфаќаат доволно сериозно.

Без доволно медицинско објаснување, луѓето се принудени да измислуваат лекови, па ги мијат своите коси со шампон со масло од чајно дрво поради неговото наводно поседување на антибактериски својства, а во очај, некои од нив користеле дури и шампон за кучиња. Помеѓу “лековите“ се најдоа и сок од лимон, прашок за пециво, јаболков оцет, кокосово масло, алое вера и мешавина од мед и цимет.

Но, што навистина помага во лекувањето на овој проблем? Од сите решенија што можат да се пронајдат на интернет, само две се чинат како разумни и доследни: антибактериски гел за туширање и сапун на база на сулфур. Третманите со овие производи имаат смисла од научна гледна точка, затоа што е очигледно дека причината за проблемот се некои бактерии или габи. Антибактерискиот гел го спречува ширењето на бактериите и нивниот раст, додека пак сапунот на база на сулфур го решава проблемот на мрсни корени, со што автоматски се елиминира “храната“ од која бактериите и габите растат.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - Superbetin -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit