Ја запишал жена си на список на терористи

2 февруари, 20110
MotherAmNotTerrorist

Едем маж од Велика Британија толку многу го нервирала сопругата што се решил да ја стави на списокот на терористи и со тоа да и го забрани влезот во државата. Тој веќе подолго време имал неподносливи расправии со сопругата. Таа се решила да замине во Пакистан за да ги посети своите родители, а тоа мажот го искористил во своја корист. Како службеник во институцијата тој го додал името на својата сопруга на листата на луѓе кои се опасни за Велика Британија, бидејќи се смета дека имаат некаква врска со тероризам. По посетета на блиските, жената тргнала да се качи во авионот за Велика Британија. Од таму ја вратиле без некакво посебно објаснување. Таа веднаш му се јавила на сопругот, а тој и ветил дека ќе проба да го реши проблемот. Во меѓувреме тој лудо се забавувал. Но, сето тоа нема среќен крај. Од службата му се јавиле за да проверат зашто неговата сопруга се наоѓа на тој список, па тој морал да го признае делото. Па наместо унапредување, кое му било предизвик, тој добил отказ.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *