Како да „постигнете гол“ на првиот состанок?!?

31 октомври, 20111
sostanok1

Првиот состанок е вашата прва и единствена шанса да покажете што умеете. Ретко која девојка ќе ви даде втора шанса доколку „ја оплескате“ на првиот состанок. Затоа, доколку успеавте да ја убедите да излезе на состанок со вас, време е да ги „засукате“ ракавите и добро да се подготвите за вечерта. Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да ја освоите и да и приредите незаборавна вечер:

Цвеќето е обврзно: Било да се чекате во ресторан или пак да ја „собирате“ од дома, девојката мора да добие цвеќе на првиот состанок. Најдобро е да изберете ружи, затоа што тие се симбол на страста и љубовта. Препорачуваме една или три ружи, но не купувајте поголем буќет затоа што така ќе изгледате очаен.

Употребете ја вашата фантазија: Доколку веќе знаете нешто за девојката, употребете го тоа знаење во ваша предност. На пример, доколку станува збор за интелектуалка, подарете и книга со посвета. Доколку е љубител на десерти, договорете се со ресторанот да направат специјален десерт за неа. Клучот е во креативноста и таа ќе биде импресионирана доколку види дека навистина сте се потрудиле.

Манири и љубезност: Таа сигурно нема да ви каже дека бонтонот и пристојното однесување и се важни, но бидете сигурен дека цело време забележува што правите, а можеби и уште поважно – што не правите. Малите детали ја прават разликата, како што е џвакање на храната со затворена уста. Отворете и ја вратата од автомобилот, вратата од ресторанот, наместете и го столчето пред да седнете, цело време со насмевка и со шарм.

Забранети теми: на првиот состанок ни на памет не смее да ви падне да раскажувате за поранешните девојки, вашата мајка или пак глупостите кои сте ги правеле со вашите другари. Едноставно, мора да бидете на вашето најдобро однесување, затоа што само така ќе добиете можност за втор состанок.

Комплименти, комплименти, комплименти: Уште кога ќе ја видите, покажете дека сте восхитен од нејзината убавина. Многу мажи забораваат да го забележат изгледот на девојката на првиот состанок и дадат комплимент. Таа сигурно потрошила многу време додека се спремала, па комплиментите дефинитивно ќе го наградат нејзиниот труд, но и ќе ве воздигнат во нејзините очи.

Очите се само за неа: Таа вечер не смеете да го свртите погледот на друга страна, без разлика дали во истиот ресторан до вас вечера и Адријана Лима. Таа вечер е само за неа, па ако погледнете настрана, дури и само за миг, таа сигурно ќе го забележи тоа и вашите шанси да ја освоите се сведуваат на минимум.

 

 

One comment

  • peggy

    19 јуни, 2012 at 00:09

    kako 1vo nemora da znaci deka mora da dobie nekakov podarok ( spored mene ) za komplimenti moze da se kazat dva tri bidejki ako se dodeluva mnogu toa ke bide kako posle dooooolgo vreme da ne izlegol nitu pak imal devojka i ke go svati toa kako nafrlanje ( ako gresam ispravete me ) za glupostite sto gi pravel so drugarite moze da zbori po toa ke se poznae dali e avanturist i slicno i na kakov nacin go gleda zivotot i sto pravi so nego. I na kraj pred se bidete svoi i ne bidete sramezlivi opustete se i uzivajte bidejki dokolku devojkata se soglasila da izleze so vas sigurno ima nesto sto ja privlekuva kaj vas 😉

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş