Како пропадна моногамијата?

12 август, 20110
monogamija

Иако моногамијата е вткаена во темелите на нашата цивилизација, во последно време се повеќе можат да се слушнат размислувања дека човекот по својата природа не е моногамно суштество. Како поинаку да се објаснат толкуте разводи, раскинувања и неверства.

Кога зборуваме за природата, секогаш е добро да се погледне како тоа го прават животните. А во животинскиот свет постои правило да мажјаците и женките прават цврсти емоционални врски точно кај оние видови кај кои е потребно подолго време нивното младенче да порасне. Посебно кај оние видови кај кои мозокот е многу поразвиен така да имаат голема способност за учење. Како учењето долго трае, младенчето е многу долго време неспособно за самостоен живот. Мајката нагонски емоционално се врзува за младенчето и го чува од опасности се додека тоа не порасне и стане самостојно.

Во таквите случаеви и мажјакот емоционално се врзува за женката, зголемувајќи ги нивните шанси за преживување. Таквите „моногамни“ животински парови долго остануваат заедно.

Меѓутоа, кај таквите животни постои и „полигамија“ или поточно полигинија. Да се примаат други во групата во која постои јасна хиерархија. На нејзиниот врв е алфа мажјак. Тој станал доминантен мажјак, водач, и баш поради тоа што е најсилен, односно најспособен. Во таквата група женките се парат со алфа мажјакот, додека другите мажјаци воглавно не доаѓаат на ред, пишува Зоран Миливојевиќ за Политика.

Претпоставката со која се објаснува ваквото уредување на групата е да доминантниот мажјак со својата сила и способности докажува дека има добри гени, што е нагонски привлечно за женките.

Во полигамните друштва мажот кој може себе да си приушти повеќе жени мора да биде доволно економски моќен за да може да ги издржува тие жени и нивните деца. Неговиот статус, социјална и економска моќ ќе се сфатат како израз на неговите способности и стануваат порака како на жените, така и на другите мажи.

И оние кои се за моногамија и тие кои се против неа можат во животинскиот свет да најдат одредени  „докази“ за своите тези за некаква вродена „човекова природа“. Верувам дека одговорите на овие прашања не треба да се бараат во биолошкото уредување на човекот, туку всушност во општествените, културните и цивилизациските промени. Додека бракот во сиромашните општества е потреба без кој ни тој ни таа неможат да раѓаат деца, во богатите општества луѓето влегуваат во брак бидејќи така им е попријатно и остануваат во него се додека заедништвото не им досади. Современиот човек на Западот го наоѓа оној квалитет на живот кој го бара во тоа добро да се чувствува. Влегува во врска за да ужива, а излегува кога тоа чувство ќе престане. Како уживањето е нестабилно, така се и односите, врските и браковите засновани на него нужно нестабилни.

Изгледа дека потрагата за уживање и моногамија не одат заедно.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi