Какви дипломи имаат познатите ѕвезди од Балканот?!:))) Цеца..Меца “остала деца”:))) Крај :))

21 октомври, 20110
naslovna

За популарноста на српската естрада дефинитивно не е пресудно образованието!

Најголемите ѕвезди на Балканот, со исклучок на Здравко Чолиќ и Неда Украден, завршиле средно училиште кое нема никаква врска со музика, а некои дури само имаат осум години основни училиште. Иако многу пејачи благодарение на приватните факултети последниве години успеале да се почастат со диплома, поголемиот број на ѕвезди и понатаму не се доволно образовани.

Меѓу оние кои завршиле само основно училиште се пејачките Северина, Дара Бубамара и Весна Змијанац! Цеца Ражњатовиќ учела средно ветерина, Јелена Карлеуша и Драгана Мирковиќ трговско, а Сека Алексиќ фризерско. Најобразована е Неда Украден, таа има диплома од правен и филолошки факултет.

Средно музичко имаат завршено Александра и Кристина Коваќ, Ивана Павловиќ, Романа Паниќ, Зоран Живановиќ Жика, Звонимир Ѓукиќ Ѓула, Саша Поповиќ, Жељко Самарџиќ и Маја Николиќ. Лепа Брена веднаш на почетокот се откажала од студиите за туризам, па си останала на средно туристичко, кое го завршила пред да започне со музичката кариера.

Пореметени вредности

-Во мојата куќа секогаш се ценел обрзаован и паметен човек, затоа многу вложував во образованието. Свесна сум дека денес е друга ситуација, дека испливаа квазиквалитетите и дека на народот,одобено на младите девојки, некој им фрлил песок во очи па се водат по лоши примери.

Веруваат дека ќе најдат богат дечко – спонзор и ќе успеат како пејачи, а училиштето секако не ги интересира. А кога ќе успејат на естрада, немаат каде. Купуваат испити, што е потполно нормално!, изјавува Неда за состојбата на естрадата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş