Какви последици се кријат зад банкротот на Грција?

20 јуни, 20110
1
Грција и нејзината тешка финансиска состојба се најактуелните теми веќе неколку седмици речиси во сите европски медиуми. Се’ повеќе се шпекулира дека земјата незапирливо и забрзано се движи кон банкрот и сопирање на подмирувањето на своите должнички обврски. Оттука произлегува прашањето за евентуалните последици од банкротот на Атина, која е дел од еврозоната.
Речиси сите стравуваат од можните мрачни сценарија – од пензионерите, кои вложуваат средства во фондовите во Јапонија и во САД, до производителите и извезувачите од Кина. Голема е веројатноста и од политички потреси, особено во земјите кои веројатно ќе го понесат најголемиот товар на евентуалниот банкрот во еврозоната – Германија и Франција. Глобалното опоравување исто така е под знак прашалник, со тоа што податоците за економиите на водечките држави во светот во последниве месеци се помалку се охрабрувачки.
Пред се’ треба да се посочи што точно представува банкротот на една држава. Тој не е поврзан со запирањето на нејзиното опстојување, туку со запирање на опслужување на долговите. Тоа автоматски носи огромни загуби за кредиторите, а државата долго време останува лишена од можноста да се финансира од меѓународните пазари. Еден од последните слични случаи во Европа е оној со Русија во 1998 година. Тогаш земјата објави дека престанува да ги плаќа своите долгови, а светските финансиски пазари дојдоа во сотојба на слободен пад.
Какви ефекти крие сегашната ситуација со Грција и што може да се случи ако земјата објави банкрот?  Според американската телевизија Си-Ен-Би-Си, ќе се случат 11 нешта:
1. Грчките банки ќе бидат национализирани.
2. Европските банки ќе бидат значително финансиски потресени бидејќи имаат грчки хартии од вредност од околу 38 милијарди евра.
3. Матна ситуација во однос на расходите, зошто не се знае колкави ќе бидат тие за различните финансиски и осигурителни институции.
4. Глобална кредитна криза. Слично како и со случајот на американската “Леман Брадерс“, банките кои се во добра состојба ќе почнат со примена на дополнителни барања при одобрување на кредити. Тоа ќе ја “исцица“ ликвидноста на финансиските пазари и најверојатно ќе предизвика енормно зголемување на каматите.
5. Силен удар за Кина, бидејќи поради недостатокот од пари, најмногу во Европа, значително ќе се намали и побарувачката од светски најголемиот производител.
6. Враќање на протекционизмот во Европа е голема веројатност бидејќи ако Германија и Франција бидат “натоварени“ со долговите на Грција огромна е веројатноста овие две земји да се сконцентрираат на купување на стоки произведени во еврозоната.
7. Европската централна банка ќе падне во криза зошто има големи позиции во грчки хартии од вредност, а истовремено на “грб“ ги носи и ирските долгови. Некои аналитичари сметаат дека Европската централна банка може да дојде и до ситуација да биде неплатежноспособна.
8. Американците повторно ќе почнат да ги чуваат парите под душек, поради страв од нова рецесија и финансиска криза.
9. Ирска и Португалија ќе можат да профитираат зошто ако Грција може да ги принуди своите кредитори да се согласат со преструктуирање на долговите, тогаш зошто овие две земји да плаќаат цел износ на своите долгови?
10. Германија ќе биде погодена од тешка политичка криза, бидејќи власта во земјата е разнишана и не би било препорачливо да го преземе финансискиот товар од грчкиот банкрот.
11. Едно нешто со сигурност ќе се случи, а тоа е дека колку и да се искомлицира кризата, светските политички лидери постојано ќе ги убедуваат народите дека проблеми нема. Целта е да се спречи паниката на финансиските пазари.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma