Иако четвртото продолжение на “Пиратите од Карибите” се уште не е прикажано, продуцентите на овој успешен серијал веќе ангажирале сценарист да напише нови авантури за капетанот Џек Спероу, јавуваат светските агенции. Студиото “Дизни” го ангажирал Тери Рос кој го напиша сценариото за популарниот анимиран филм “Шрек”, да направи петто продолжение за “Пиратите од Карибите”. Кога станува збор за главната машка улога, продуцентите не морале да се грижат околу тоа бидејќи Џони Деп веќе се заинтересирал за следните авантури на ликот што тој го толкува. “Доколку се вклопат сите коцки, дефинитивно ќе го земам во предвид и петото продолжение”, неодамна изјавил популраниот актер. Светската премиера за четвртиот дел од пиратската авантура е закажана за 20 мај.
Извор: Нетпрес