Колач од мелени бисквити

popara16 декември, 20111min00
kolac od biskviti

Потребни состојки:

400 гр. шеќер

250 гр. маргарин

80 гр. маргарин

250 гр. мелени бисквити

100 мл. рум

1 лажица екстракт о ананас

100 гр. кокосово брашно

4 реда чоколадо

Припрема:

Растопете го шеќерот во тенџере на оган со 100 мл. вода се додека не добиете сируп. Додадете 250 гр. маргарин и мешајте се додека не се растопи.

Во оваа смеса додадете ги мелените бисквити, кокосовото брашно, румот и екстрактот од ананас. Смесата за колачи измешајте ја се додека не стане хомогена. Во калапи за колачи кои претходно сте ги намрсиле со путер ставете од смесата за колачи. Ставете ги колачите во фрижидер да се стврднат.

Извадете ги колачите од калапот и попрскајте ги со мелени бисквити.

За глазура, растопете 80 гр. маргарин, па додадете го чоколадото и мешајте се додека смесата не се растопи и не стане хомогена. Со глазурата прелијте ги колачите и украсете по желба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma