Конечно! Англичаните “фини” на одмор!

5 август, 20110
anglichani

И покрај постојаните приказни што ги слушаме за познатото опивање и поттикнување на тепачки од страна на Англичаните за време на летните одмори, верувале или не, бројот на ваквите инциденти се намалил за неверојатни 10 проценти! И дури се јавно пофалени!
Најголем број на Англичани се уапсени во Шпанија, додека апсењата поврзани со наркотици се најбројни во Јамајка, Аргентина, Бразил, Перу и Србија.
Повеќето Англичани не се заинтересирани да ги дознаат локалните закони во државите во кои решиле да  патуваат, па така, постои голем ризик да имаат проблеми поради носење на бикини по улиците на Барселона или доколку раскажуваат вицови на сметка на кралската фамилија на Тајланд.
Пропорционално, Англичаните имаат најголеми шанси да бидат уапсени во САД или Тајланд, додека најголемиот број од нив е хоспитализиран во Шпанија.
Бројот на смртни случаи на Англичани во странство малку се зголемил од минатата година, а најголема “можност” имаат Англичаните кои одат на Филипини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit