Сопственикот на еден паб, Дејвид Крафорд Емери се брани од нападите за недоличната слика која стои над влезната врата од пабот. Тој сакал само нешто поразлично, но незнаел дека со тоа ќе ги вознемири своите сограѓани од Акомб, во близина на Hexham. На сликата е нацртана Кралицата Елизабета со тетоважи на рацете. Граѓаните се побуниле на ова бидејќи според нив, тоа изгледа грдо и недолично. Но, Дејвид во одбрана вели дека тоа не е е Кралицата, туку жена која неверојатно личи на неа. А на тоа се доврзал и изјавил дека и неговата мајка има голема сличност со жената на сликата, која патем била родена во иста година како Кралицата.