Лазањи со палачинки

popara29 ноември, 20111min00
lazanji

Потребни состојки:

За палачинки:

2 јајца

Малку шеќер и сол

300 мл. вода

200 мл. млеко

10 лажици брашно

За фил:

300 гр. мелено месо

200 гр. шампињони

2 главици кромид

2 чешниња лук

3 јајца

50 мл. доматно пире

Сол и црн пипер

Припрема:

Во посебен сад изматете ги состојките за палачинки и најпрво испечете ги палачинките. Откако палачинските ќе бидат готови, започнете со подготовка на сосот.

Во тавче на оган ставете масло за јадење, па кога ќе се загрее додадете го ситно сецканиот кромид. Откако кромидот ќе се запржи, додадете ги шампионите, меленото месо и ситно сецканиот лук. Додајте го доматното пире и гответе се додека водата не испари. Потоа зачинете со сол и црн пипер.

Во претходно намрсена тава за печење редете еден ред палачини, па еден ред фил, па повторувајте ја постапката се додека имате од филот и од палачините. Одозгора наредете го псоледниот ред палачинки, па прелијте ги со изматени јајца. Тавата ставете ја во рерна да се пече околу 20тина минути на температура од 180 степени целзиусови. Добар апетит!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag