Мафини со боровинки – рецепт на Гвинет Палтроу

popara31 август, 20111min01
gwyneth-paltrow-muffins

Веќе неколку години, Гвинет Палтроу пишува доста успешен блог за секојдневниот животен  стил по име „Goop“. На тој блог, освен што им дели совети на жените како да го балансираат семејниот со професионалниот живот, каде добро да јадете, како да се забавувате и да се опуштите, и совети за здраво тело и здрав дух, Гвинет исто така, со своите читатели ја споделува и својата огромна страст за готвење, па на сајтот можете да ги најдете и нејзините омилени рецепти.

Оваа година, Гвинет ја издаде книгата „My Father’s Daughter“, а замислена е како книга полна со едноставни и фини рецепти кои го спојуваат семејството и заедницата. Моментално, книгата е на попуст од 30 на 17,88 долари, а тука за вас го издвоивме рецептот на нејзината мајка: мафини со боровинки.

Притоа, немојте да заборавите дека боровинките се многу здрави и полни со антиоксиданти, па имате причина плус да го пробате овој вкусен и здрав колач. Гвинет изјавила дека додека била трудна постојано ја молела мајка си да ѝ направи колачи со боровинки, бидејќи и годела комбинацијата на слатко со кисело.

Мафин со боровинки – оригинален рецепт (Блит Данер)

Состојки:

–          ½ чаша путер

–          2 јајца

–          ½ чаша млеко

–          2 чаши повеќенаменско брашно

–          ¾ чаша шеќер

–          2 мали лажици прашок за пециво

–          ½ мала лажица сол

–          2 ½ чаши боровинки

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Измешајте го путерот, јајцата и млекото во еден сад, а брашното , шеќерот и прашокот за пециво во друг. Потоа додајте ги течните состојки во сувите и на крај ставете ги и боровинките. Таа смеса ставете ја во калапи, во кои има ставено хартиени чашки, замазнете ги и посипете со шеќер. Печете додека мафините не станат златно-кафени и додека ножот не излезе чист кога го ќе ставите во смесата, околу 25-30 минути. Се служат топли.

Овој колач содржи 232 калории, 10г масти, 33г јагленохидрати, 1г растителни влакна и 4г протеини.

Поздрава верзија на колачот (Гвинет Палтроу)

Состојки:

  • ½ чаша растително масло
  • ½ чаша млеко од соја
  • ½ чаша сируп од јавор
  • ¼ чаша сок од агава
  • 1чаша бело брашно
  • 1 чаша брашно од цело зрно
  • 2 мали лажици прашок за пециво
  • ½ мала лажица сол
  • 2 и ½ чаши боровинки

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 190 степени. Измешајте го маслото, млекото, сирупот и сокот во еден сад, а во другиот брашното, прашокот за пециво и солта. Потоа додајте ги течните состојки во сувите и на крај ставете ги и боровинките. Печете додека мафините не станат златно-кафени и додека ножот не излезе чист кога го ќе ставите во смесата, околу 25-30 минути. Се служат топли.

Овој колач содржи 221 калорија, 10г масти, 32г јагленохидрати, 2г растителни влакна и 3г протени.

One comment

  • amela

    21 ноември, 2013 at 11:30

    odlicni recepti

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag