Македонија и Балканот денес го слават роденденот на Тоше

slobodan24 јануари, 20111min00
Tose-Proeski-AnGeL-by-Neca-tose-proeski-2798099-1600-1067

“Со љубов од Тоше“ е албумот кој денес на 30 роденден на нашата најголема ѕвезда ќе биде промовиран во арената “Борис Трајковски“. На концертот ќе биде промовирана и новата песна која Тоше ја напишал во 2007 година “Наслони главу на мое раме“ како и видео записот за оваа песна. Балканските и македонските музички ѕвезди ќе му оддадат почит на Тоше пеејќи ги неговите стари и нови песни. Орден за заслуги на Македонија вчера постхумно му беше доделен на Тодор Проески, во претседателската резиденција во Скопје. Од името на семејството Проески орденот, кој го додели претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, го прими Кристијан Ристески, внукот на Тоше. Публиката на концертот ќе има можност да го проследи и рециталот на актерот Дејан Лилиќ, кој ќе биде најава за песната “Несаница“, која ќе биде изведена од Маја Оџаклиевска. На концертот ќе настапат и дечињата од хорот “Златно славејче“, Наум Петрески, “Синтезис“, Миле Кузмановски, Елена Ристеска, “Црвена јабука“, Мартин Вучиќ, Жељко Самарџиќ, Јоана,бендот на Тоше, Зоран Џорлев, Александар Митевски и Антонија Шола. Со почеток во 20 часот, македонската публика токму на неговиот роденден, ќе има можност со своето присуство уште еднаш да му оддаде почит на трагично загинатиот македонски пејач Тоше Проески.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma