Манијачишта и во Белград!!! Сакал да ја “клецка” или да ја “пљачка”?!

20 август, 20110
83714

Мислев дека разбојникот ќе ме удави во лифтот. Толку се уплашив што уште се тресам. Не излегувам од станот од кога ме нападна тој…
Со овие зборови започнува приказната на Кадифка П. (66) од Нов Белград, која во вторникот се најде на мета на разбојникот. За среќа Кадифка завршила со лесни повреди, кога во лифтот од зградата ја нападнал разбојник и и го скинал ланчето од врат.
Се враќав од град и влегов во лифтот. Непознат дечко ми ја стави раката преку уста и ме удри со тупаница. Ми го влечеше ланчето, а јас не можев да земам воздух. Си помислив дека ќе ме убие. Ланчето беше дебело и лоповот никако не можеше да го скине. Слушнав како пцуе и се сеќавам дека имаше цело време цигара во устата – изјави Кадифка П.
Таа додаде дека во целиот овој случај имала среќа.

Неодамна ја оперирав главата. Да ме удреше по глава, не знам дали ќе преживеев! Комшиите плачеа кога ја гледаа снимката од видео надзорот во лифтот. Страв се вовлече во мене и не знам како ќе се изборам со тоа – кажува исплашената Кадифка П.

Напаѓачот е уапсен

Полицијата, веднаш по нападот на Кадифка, ги погледнала снимките направени од видео камерите поставени во зградата и уточнила дека напаѓачот е познат и од предходно. Набрзо потоа е уапсен Ненад П. (33), кој освен за нападот на Кадифка, е обвинет и за други две разбојништва.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *