Мариниран див лосос

popara19 септември, 20111min00
losos

Потребни состојки:

  • 4 шницли од лосос
  • 3 млади кромидчиња
  • ¼ чаша масло за јадење
  • 4 чешниња лук
  • 3 лажици оцет
  • 2 лажички шеќер
  • 2 лажички зачин кориандер
  • 2 лимони
  • 1 лажичка црвен пипер
  • Сол и црн пипер

Подготовка:

Во посебен сад, измешајте ги оцетот, маслото за јадење, сокот од лимоните кои претходно сте ги исцедиле, шеќерот, ситно исецканиот лук, кориандерот и главици млад кромид кој ситно сте го исецкале. Добро измешајте ја приготвената маринада, се додека смесата не стане хомогена.

Зачинете ги шницлите од див лосос со сол, црн пипер, црвена пиперка и многу ситно исецкана главица млад кромид. Потоа додајте ги во претходно подготвената маринада. Оставете да отстојат во фрижидер преку ноќ, или најмалку 6 часа.

Загрејте ја рерната на температура од 230 степени целзиусови. Парчињата лосос ставете ги во тава за печење, врз која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете 5 минути на температура од 260 степени целзиусови, а потоа превртете ги шницилите и печете уште 5 минути.

Шницлите послужете ги на чинија за сервирање со свежа зелена салата по избор.

Уживајте во овој морски специјалитет, кој се служи со добро изладено бело вино.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag