Медени залчиња

popara27 ноември, 20111min00
medeni zalcinja

За тесто:

250 гр. интегрално пченично брашно

10 гр. свеж квасец

150 мл. млеко од соја

4 лажици масло за јадење

100 гр. суви сливи

100 гр. суво грозје

4 лажици кафеав шеќер

50 гр. ореви

1 лажица мед

1 лажица вода

1 лажица шеќер

Припрема:

Ставете го квасецот во млекото од соја и додадете 1 лажица шеќер и 1 лажица брашно и оставете го да стаса. Во посебен сад имешајте го брашното со сувото грозје, сецканите суви сливи и кафеавиот шеќер. Додајте го стасаниот квасец и маслото за јадење и замесете го тестото, па оставете го да отстои на топло околу 15тина минути.

Промешајте 1 лажица шеќер со 1 лажица мед и вода и смесата ставете ја на умерен оган да зоврие. Ога ќе почне да се згуснува, додајте ги ситно сецканите ореви и мешајте околу 4 минути. Потоа додадете ја смесата на претходно измесеното тесто и обликувајте колачиња во посакуваната форма.

Ставете ги колачињата во тава за печење врз која претходно сте ставиле хартија за печење. Печете на температура од 180 степени околу 20тина минути. Добар апетит.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag