Мини пицички со тиквички, маслинки и фета сирење

popara31 декември, 20111min00
mini pici

Потребни состојки:

За тесто:

125 гр. брашно

50 мл. масло за јадење

1 лажичка вегета

100 мл. вода

За фил:

100 гр. сецкани маслинки

2 тиквички

100 гр. фета сирење

2 јајца

4 лажици павлака

4 лажици млеко

Сол и црн пипер

Припрема:

Ставете го брашното во посебен сад, па додадете ја вегетата, водата и маслото за јадење и замесете го тестото. Откако ќе го измесите направете топка и обвиткајте го со проѕирна фолија па ставете го да отстои во фрижидер околу 30 минути.

Поделете го тестото на 4 дела па од нив расукајте кори. Калапите за мини пици намачкајте ги со путер, па во секој калап ставете по една кора.

Измијте ги тиквичките, па исецкајте ги на тенки кругови, посолете ги и оставете ги да отстојат 15 минути. Потоа повторно измијте ги, исцедете го вишокот вода исецкајте ги.

Врз секоја кора ставете исецкани маслинки. Во садот си тиквички додадете го фета сирењето, измешајте и додадете врз секоја кора.

Изматете ги јајцата со павллаката и млекото, па посолете и додадете црн пипер и смесата рамномерно распоредете ја врз секоја пица.

Печете во зареана рерна на температура од 200 степени околу 30 минути, се додека не добиете златно румена боја. Декорирајте со листови нане. Добар апетит!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag