Подготовка:
Месото исчукајте го од едната страна и зачинете и посолете и попарете го. Рибизлите исчистете ги едно по едно и измијте ги па заедно со листовите мајчина душичка и сирењето се измешајте. Премачкајте ги парчињата месо и завиткајте ги во ролна иврзете ги со кујнски конец.
Загрејте го маслото и пропржете го месото за да добие убава златно жолта боја. Тогаш ставете го виното и коцката супа, додадете го сокот од рибизли. Се заедно затворете и оставете да се крчка на тивок оган половина час. После тоа извадете го месото, и ако сакате течноста згуснете ја уште или зачинете ја по ваш вкус и додадете ја со месото.
Состојки:
-4 парчиња мисркино месо
-Сол, бибер
-100гр свежо меко сирење(АБЦ премаз)
-120гр црвни рибизли
-1 лажичка листови мајчина душичка, суви
-масло за пржење
-120мл квалитетно бело вино
-пилешка коцка за супа
-3лажици свеж сок од рибизли